Талибанците го нападнаа Кабул

Кабул 18 Јануари - сцена од борбите

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Напад на талибанците во центарот на Кабул



Според министерството за внатрешни работи загинале 4 милитанти, а биле повредени 40 лица. Во нападот, според новинските агенции, биле вклучени 20 милитанти, меѓу нив и бомбаши самоубијци.Талибанските милитанти удрија во срцето на авганистанската влада во Кабул предизвикувајќи жестоки престрелки. Најпрвин бомбаш-самоубиец се разнесол себеси во близина на претседателската палата, јави Асошиетед Прес.
Потоа повеќе експлозии го потресоа главниот град на Авганистан. Портпаролот на Талибанците Забиулах Муџахид за Асошиетед прес изјави дека 20 вооружени милитанти, меѓу нив и некои со таканаречени самоубиствени елеци - полни со експлозив, влегле во Кабул за да ја нападнат Претседателската палата и други владини згради. Притоа и еден трговски центар бил запален во напад на група милитанти и внатре, според портпаролот на Министерството за внатрешни работи Земари Башкарс, имало борби.
Авганистански војник во близина на зградата која гори како последица на денешните борби со милитантите

Еве што за денешната ситуација во Кабул изјави Претседателот Хамид Карзаи.

„Тероистичкиот напад се случува на локација во Кабул вои близина на Претседателската Палата. Тоа е една од заканите со кои се соочува Авганистан. Другите закани се уште полоши. Тие се внатрешни и надворешни“.


Исто така беше јавено и дека еден автомобил експлодирал меѓу Трговскиот центар и Министерството за образование. Полицијата блокира голем простор во центарот на Кабул, од каде што се слушале пукотници а подрачјето е надлетувано од хеликоптери.
Нападот се случи денеска кога новите членови на кабинетот на Претседателот Хамид Карзаи треба да положат свечена заклетва и покрај тоа што Парламентот отфрли повекето од неговите избраници.