На вториот круг од претседателските избори во Украина што ќе се одржи на 7 идниот месец ќе се борат опозициониот лидер Виктор Јанукович и премиерката Јулија Тимошенко. Според резултатите од вчерашаниот прв круг, Јанукович доби 35,8, а Тимошенко 24,6 проценти од гласовите. Претседателот во заминување Виктор Јушченко кој дојде на власт со Портокаловата револуција во 2004 година освои само пет насто.
Хероината од Портокаловата револуција Јулија Тимошенко заврши на второто место, многу подобро од очекуваното, што пак, ја стави во силна позиција да победи во вториот круг од гласањето.
Според Тимошенко, исходот од изборите покажа дека мнозинство во Украина сакаат таа да биде слободна, демократска држава:
,,Шансите за Јанукович кој ги претставува криминалните кругови едноставно не постојат.,,
Тимошенко најави дека како претседател никогаш нема да дозволи Украина да скршне од она што го одбрала за време на Портокаловатареволуција:
,,Демократските сили ќе се обединат. Ние ќе направиме се, така што во иднина ќе дејствуваме како една моќна сила која ќе ја движи на земјата кон Европската цивилизација.,,
Но, многумина украинци велат дека се разочарани од досегашната политика, која ја одбележаа кавгите меѓу Тимошенко и нејзиниот поранешен сојузник, претседателот во заминување Јушченко.
Во меѓувреме, нивните заткулисни пресметки, како и корупцијата ја уништија националната економија. Тоа по изгледа добро го искористи негативецот од Портокаловата револуција, поранешниот електричар Виктор Јанукович:
,,Нашите граѓани гласаа за промена. Тие јасно ставија до знаење дека бараат трансформација кон подобро. Тоа е главниот резултат на изборите.,,
Јанукович кој главната поддршка ја има во индустрискиот, проруски исток на Украина, повтори дека ако стане претседател, земјата никогаш нема да му се приклучи на НАТО.
,,Украинската државата ќе остане надвор од секаков блок. Украина никогаш нема да и се придружи на некоја воена алијанса. Тоа е ставот на украинскиот народ и тоа мора да се почитува.,,
Аналитичарите велат дека Јанукович, за разлика од Тимошенко, има помалку простор за маневар, бидејќи не е сигурно дали комнистичките и социјалистичките гласачи ќе му се придружат. Затоа, според нивните очекувања, наредниве недели, пред вториот круг од изборите, ќе бидат исполнети со, политичка трговија, измами, обвинувања, но и со судски случаи.
Според Тимошенко, исходот од изборите покажа дека мнозинство во Украина сакаат таа да биде слободна, демократска држава:
,,Шансите за Јанукович кој ги претставува криминалните кругови едноставно не постојат.,,
Тимошенко најави дека како претседател никогаш нема да дозволи Украина да скршне од она што го одбрала за време на Портокаловата
Шансите за Јанукович кој ги претставува криминалните кругови едноставно не постојат ...
,,Демократските сили ќе се обединат. Ние ќе направиме се, така што во иднина ќе дејствуваме како една моќна сила која ќе ја движи на земјата кон Европската цивилизација.,,
Но, многумина украинци велат дека се разочарани од досегашната политика, која ја одбележаа кавгите меѓу Тимошенко и нејзиниот поранешен сојузник, претседателот во заминување Јушченко.
Во меѓувреме, нивните заткулисни пресметки, како и корупцијата ја уништија националната економија. Тоа по изгледа добро го искористи негативецот од Портокаловата револуција, поранешниот електричар Виктор Јанукович:
,,Нашите граѓани гласаа за промена. Тие јасно ставија до знаење дека бараат трансформација кон подобро. Тоа е главниот резултат на изборите.,,
Јанукович кој главната поддршка ја има во индустрискиот, проруски исток на Украина, повтори дека ако стане претседател, земјата никогаш нема да му се приклучи на НАТО.
Украинската државата ќе остане надвор од секаков блок...