За деликатни прашања потребна е поголема општествена расправа со вклучување на луѓе од стручен аспект кои би можело подобро да ја информираат јавноста дали деца од прво одделение може да совладаат иле не друг јазик велат експертите по најавите на албанската заедница за бојкот на наставата ако македонскиот задолжително се учи од прво одделение.
Во принцип сметам дека македонскиот јазик треба да се знае подобро и потребно е да се учи како официјален јазик на државата но не можам да кажам од кое одделение тоа треба да почне вели проф Мирјана Малевска
„Бидејќи јас работам со студенти, знам дека нивото на македонскиот јазик не е како што треба да биде, особено кај оние кои ќе работат во јавната администрација. Така што да се учи официјалниот јазик на државата е потребно, но не можам да кажам од кое одделение треба да се почне, бидејќи не сум ниту психолог, ниту педагог и тука треба таков тип на луѓе да се вклучат.“
Ненад Новковски поранешен миниснтер за образование се соглаува дека кога станува збор за измени кои не се технички туку се однесуваат на суштината на системот во државата треба да се обезбеди колку што е можно поголем консензус. Според него една од грешките во ова решение е што промените треба да се правата систематски и да се оди според редовната процедура, а не измените да стартуваат од второ полугодие.
„Кога би било од полугодие, да речеме некој предмет да е само за едно полугодие би можело да оди, но вака не е во согласност со основните принципи за промени во образованието. Секогаш треба да почне од почетокот на годината.“
Во меѓувреме освен најавите за бојкот од албанската заедница незадоволство од решението има и кај дел од невладините организации кои најавија дека измените ќе се најдат пред Уставен суд. Малевска напоменува дека овие рекции покажуваат зошто секоја една работа особено деликатна како кога се работи за меѓуетничките односи треба однапред да се осмисли
„Оваа реакција од страна на албанската заедница ни говори дека сепак можеби требало нешто однапред да се направи. Затоа што најлошо за легитимитетот на една држава е кога одлуките се бојкотираат од страна на мнозинството или не се спроведуваат.“
Министерството за образование го застапува ставот дека непоимливо е македонскиот јазик да се изучува од трето или од четврото а англискиот во прво одделени во земја во која македонскиот јазик е службен за целата држава и оцени дека бојкот не може да донесе прогрес и да ги реши проблмите. Според измените припадниците на заедниците имаат прво да учат на својот мајчин јазик но тоа не исклучува да учат на македонски јазик.
Бидејќи јас работам со студенти, знам дека нивото на македонскиот јазик не е како што треба да биде, особено кај оние кои ќе работат во јавната администрација. Така што да се учи официјалниот јазик на државата е потребно, но не можам да кажам од кое одделение треба да се почне, бидејќи не сум ниту психолог, ниту педагог и тука треба таков тип на луѓе да се вклучат.