Кумановци носталгични за кино салите

Кино сала

Кината ,,Козјак" и ,,Напредок" во Куманово веќе одамна не постојат. Не го издржаа времето на транзицијата и поради економската неоправданост овие кино сали се затворени. Постарите кумановци со носталија се сеќаваат на убавите времиња кога редовно ги гледале филмските премиери во овие кино сали.
Двете кина „Козјак“ и „Напредок“ како и летната кино бавча веќе две децении во Куманово не постојат. Новото време и економската неоправданост ги затворија кино салите во овој град, во кој своевремено некои кумановци и по два пати седмично следеле филмски хитови прикажувани на големото платно. За возрасните кумановци за кои кино забавата била составен дел од нивниот живот, сега е само носталгично сеќавање. За младите пак, киното ништо не значи.

,,Ме асоцира на најубавите младешки години кога најзанимливата забава за нас беше одење во ,,биоскоп."
Ме асоцира на најубавите младешки години кога најзанимливата забава за нас беше одење во ,,биоскоп"


,,Јас сум човек во години и асоцијацијата на биоскоп кумановски, се спомени на една прекрасна младост кога кинои претставите беа место и можност да се другарува,да се создаваат меѓучовечкит еодноси. Тема за една следна недела до новиот репертоар да имаме за што да разговараме. Носталгично ми недостасува и киното и репертоарот. Имавме можност да гледаме врвни филмски остварувања,врвни креации на артистите кои беа наши идоли. Сега за жал тоа можеме да си го приуштиме во кругот на семејството, ако се совпадне со нашето слободно време."

И сега би оделе:

,,Да, сигурно. Гледајќи ги новите филмови кои се режираат и снимаат сега, би ги погледала на голем екран."
Да, сигурно. Гледајќи ги новите филмови кои се режираат и снимаат сега, би ги погледала на голем екран

Некои не би оделе:

,,Не сум љубител на кино."

,,Не сум љубител на филмовите што се даваат на кино. Си ги гледам на ДВД и не би одела."

Дел од кумановци сметаат дека одење на кино ги потсеќа на првите љубовни состаноци, на разменување нежности,на романтиката која заминала. Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека и за него киното значи:

,,Дел од нашиот забавен живот, првите сотаноци со симпатиите."

Двете кино сали во времето на транзицијата и експанзија на техниката и технологијата принудно го трансформираа Киното „Козјак“ во Малдински културен центар.

,,Тоа е реадаптирано во деловен простор и во сала со 300 места за културни манифестации. Нема економска оправданост.Ако се застане на патот на пиратеријата ќе заживее интересот на филмовите во кино."

Смета Дамјановски,кој за втората кино сала „Напредок“ вели дека таа била во Занаетскиот дом,објект кој се пренаменува за Занаетчиска комора и за сала за состаноци, за потребите на локалната самоуправа. За почетоците на кино забавите во поновите монографии за Куманово нема ниту збор. Исто како и што не се размислува за заживување на овој вид култура.