Според експертите, политичарите во Македонија ги злоупотребуваат анкетите за наметнување мислење низ електоратот. Според нив, постојат многу начини преку кои може да се влијае на резултатите, па потребни се стручни толкувања
Ваков одговор сакам да добијам, а ти смисли како ќе го формулираш прашањето. Вака во една реченица би можело да се објасни однесувањето на политичките партии, во однос на испитувањата на нивната доверба меѓу гласачите, велат луѓето што се занимаваат со рејтингот на политичарите и политичките партии.
Јавноста, речиси секојдневно, е бомбардирана со резултати од испитувања на јавното мислење по однос на различни прашања, но и по однос на довербата во политичарите и политичките партии. Резулатите од тие анкети, пак, во однос на одредени прашања даваат сосема различни резултати.
Многу начини за манипулација со бројките
Експертите велат дека постојат мал милион начини да се изманипулираат резултатите од една анкета и притоа, формално гледано, резултатите да се точни, односно да нема извртување на бројките. Треба да се внимава на тоа кој ја спровел анкетата, велат тие, затоа што се ретки агенциите кои не си го жртвувааат сопствениот углед на сметка на манипулирање со бројките по желба на нарачателот.
Петар Арсовски е магистер по политички маркетинг. Тој наведува само дел од примерите како може да се манипулира една анкета.
„Од поставување на воведувачки прашања, од избор на местото каде што ќе се анкетира, од изборот на начинот, дали ќе биде телефонска анкета, дали ќе биде интервју лице во лице, дали прашањата ќе бидат со повеќе избори, дали ќе бидат отворени прашањата и сите тие се т.н. „меки“ начини за манипулација, кои се само етички проблематични, а не де јуре.“
Професор Мерсел Биљали вели дека резултатите често зависат од желбите на нарачателот.
„Обично анкетите кај нас станаа несериозна работа, затоа што тие си ја завршуваат работата од нарачателот.“
„Стадо“ ефект
Постојат лаги, проклети лаги и статистика. Оваа славна реплика им се припишува еднакво на поранешниот британски премиер од 19 век Бенџамин Дизраели и на американскиот писател Марк Твен. Арсовски вели дека има многу вистина во оваа мисла.
„Статистичарите велат така, дај ми доволно бројки и време и доволно анкети, ќе ти докажам што сакаш, дека зеленото е црвено, така што постојат безброј начини да се манипулира со анкетите“
Затоа, вели тој, анкетите треба да ги толкуваат стручни луѓе кои ја земат предвид и методологијата на работа - суровите бројки не значат ништо.
Арсовски посочува дека политичарите сакаат да ги злоупотребуваат резултатите од анкетите затоа што на тој начин сакаат да влијаат на јавното мислење.
„Значи, ако некој упорно тврди дека на некоја партија и е висок рејтингот иако не и е, тој ќе се покачува. Во принцип, електоратот сака да се приклони. Има ефект на стадо и сака да се приклони кон победниците.“
Тој вели дека на анкетите треба да се гледа коко на индикатор, а не како на конечен показател на расположението. Анкетите се незаменливо средство за добро водење политика. Сепак, тие треба да служат за политичарите да го чујат мислењето на народот, а не за на народот да му наметнат нешто велат експертите.
Од поставување на воведувачки прашања, од избор на местото каде што ќе се анкетира, од изборот на начинот, дали ќе биде телефонска анкета, дали ќе биде интервју лице во лице, дали прашањата ќе бидат со повеќе избори, дали ќе бидат отворени прашањата и сите тие се т.н. „меки“ начини за манипулација, кои се само етички проблематични, а не де јуре
Јавноста, речиси секојдневно, е бомбардирана со резултати од испитувања на јавното мислење по однос на различни прашања, но и по однос на довербата во политичарите и политичките партии. Резулатите од тие анкети, пак, во однос на одредени прашања даваат сосема различни резултати.
Многу начини за манипулација со бројките
Експертите велат дека постојат мал милион начини да се изманипулираат резултатите од една анкета и притоа, формално гледано, резултатите да се точни, односно да нема извртување на бројките. Треба да се внимава на тоа кој ја спровел анкетата, велат тие, затоа што се ретки агенциите кои не си го жртвувааат сопствениот углед на сметка на манипулирање со бројките по желба на нарачателот.
Петар Арсовски е магистер по политички маркетинг. Тој наведува само дел од примерите како може да се манипулира една анкета.
„Од поставување на воведувачки прашања, од избор на местото каде што ќе се анкетира, од изборот на начинот, дали ќе биде телефонска анкета, дали ќе биде интервју лице во лице, дали прашањата ќе бидат со повеќе избори, дали ќе бидат отворени прашањата и сите тие се т.н. „меки“ начини за манипулација, кои се само етички проблематични, а не де јуре.“
Професор Мерсел Биљали вели дека резултатите често зависат од желбите на нарачателот.
„Обично анкетите кај нас станаа несериозна работа, затоа што тие си ја завршуваат работата од нарачателот.“
„Стадо“ ефект
Постојат лаги, проклети лаги и статистика. Оваа славна реплика им се припишува еднакво на поранешниот британски премиер од 19 век Бенџамин Дизраели и на американскиот писател Марк Твен. Арсовски вели дека има многу вистина во оваа мисла.
Значи, ако некој упорно тврди дека на некоја партија и е висок рејтингот иако не и е, тој ќе се покачува. Во принцип, електоратот сака да се приклони.