Започна василичарската прослава во Вевчани

Со импровизиран саем на алтернативниот рурален туризам и концерт на Владо Јаневски, Влатко Стефаноски и Рибља Чорба, во Вевчани најмалата општина на Балканот, започна Василичарската прослава,со што со надалеку прочуениот култен карневал.
Вевчанци на 13-ти јануари вечерта ја чекаат Православната стара Нова Година. Со традиционалните, пагански но и современи маски полни со духовитост, сатира, креативност и критика, Вевчанските василичарски тајфи 48 часа, подгреани со вино и храна, предводени од зетот, невестата, глупавиот август и ѓаволот, дефилираат низ големата театарска сцена на отворено, посетувајќи ја секоја куќа, прочуените извори, го тераат злото во пресрет на Новата Година играјќи мајтап со домаќините и многуте гости што од земјава и странство доаѓаат специјално за верскиот празник Свети Василиј во Вевчани да бидат дел од карневалот стар 1.400 години.
Се прават маски кои што се од типот на исмејување, на сатира и прикажување на настани што ја одбележале минатата годин, било да е политички или некој друг настан што бил актуелен во Вевчани, во Македонија, па и во светот.


,,Се прават маски кои што се од типот на исмејување, на сатира и прикажување на настани што ја одбележале минатата годин, било да е политички или некој друг настан што бил актуелен во Вевчани, во Македонија, па и во светот. И јас сум се маскирал, сум бил и водач на тајфа со групна маска, и тоа чувство не може да се опише. Тоа го разигрува Вевчанскиот дух и слобода. Ако човекот во текот на целата година бил потиштен и имал проблеми, на тој ден се ослободува од сета негативна енергија собрана во него, почнува еден нов дух и се шири една нова позитивна енергија од него,"

вели Перо Илиески градоначалник на Вевчани, член на Светската асоцијација на карневалски градови. Освен оваа манифетација, како препознатлив бренд на Македонскиот културен идентитет, во Охридско-Струшкиот крај познат по долгата традиција и подемот во последнава деценија е и Василичарскиот карневал во селото Куратица. Таму стотици маскирани шетаат низ сите домаќинстав цела ноќ на 13-ти јануари, собираат дарови и храна, а на 14-ти вечерта кога е централното дефиле на маските со натпреварувачки карактер, од традиционалните специјалитети јадат и се забавуваат со песна и ора илјадници мештани и гости.

,,Ние секоја година се маскираме, со мојата дружина овој пат подготвуваме маска со политичка содржина, што до самото дефиле не ја откриваме, тоа е строго чувана тајна. За нас маскирањето е голема возбуда, задоволство и традиција што си ја почитуваме. Некогаш маските ни служат за исмејување на "јавните фаци" од дневнмата политика и јавниот и обичниот живот. Како што минуваат годините и традицијата станува побогата, младите девојки и момчиња се помасовно се вклучуваат во карневалот,"

велат василичарите од Куратица чиј карневал за Василица заедно со оној во Вевчани, како пародија под маски, стануваат се поатрактивни за туристите и странските медиуми, со што заживува зимската пасивна сезона и се промовира регионот на туристичките пазари кај нас и во странство како привлечна дестинација за посети.