Паѓа ли рејтингот на владата?

Колкав рејтинг имаат партиите? Претседателите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ Груевски и Црвенковски

Според најновата анкета на „Прогрес“ рејтингот на ВМРО ДПМНЕ е 21%, а на СДСМ 13,9%. На резултатите од анкетите реагираат и власта и опозицијата, па се наметнува прашањето колку тие се „штелувани“. Според експертите, во отсуство на случувања во државата анкетите се користат за партиска промоција, а преку нив партиите водат психолошка војна
Испробување на пулсот на народот и непотребна психолошка војна се анкетите на одредени институти кои го испитуваат реј
Јас повеќе би рекол дека се работи за долгорочна стратегија на СДСМ за подготвување на теренот за редовните избори. И нормално, ако на подолг период се прикажува понизок рејтинг на владеачката партија, тогаш ќе се убедат граѓаните дека можеби нема толкава поддршка.
тингот на партиите, велат аналитичарите. Изминатиот викенд, институтот „Прогрес“објави анкета, според која доколку утре се одржат избори, за владеачката ВМРО-ДМПНЕ, би гласале 21%, а СДСМ би добил 13, 9 проценти од гласовите. На анкетата реагираа и партиите од владеачката колиција и од опозицијата.

За политикологот Здравко Савески, резултатите од анкетата кои се разликуваат од претходните и кои се понеповолни за владеачката партија раѓаат сомнеж дека можеби анкетата е малку „штелувана“. Савески во зачестените анкети и реакциите што нивните резултати ги предизвикуваат кај партиите, не гледа подготовка на партиите за предвремени избори.

„Јас повеќе би рекол дека се работи за долгорочна стратегија на СДСМ за подготвување на теренот за редовните избори. И нормално, ако на подолг период се прикажува понизок рејтинг на владеачката партија, тогаш ќе се убедат граѓаните дека можеби нема толкава поддршка. Бидејќи, за жал во Македонија гласачите главно гласаат за опција која може да победи.“

Професотот Мерсел Биљали препукувањата меѓу партиите за резултатите од анкетите кои го покажуваат нивниот рејтинг го смета за непотреба психолошка војна.
Тоа е резултат на реалноста што ништо спектакуларно во државата не се случува и остануваат анкетите како единствен избор каде политичките партии би се промовирале или наметнувале


„Тоа е резултат на реалноста што ништо спектакуларно во државата не се случува и остануваат анкетите како единствен избор каде политичките партии би се промовирале или наметнувале.“

Аналитичарите сметаат дека сега не е време партиите да се одалечуваат од решавање на приоритетните прашања, како што се решавањето на спорот за името и подобрувањето на економската состојба со давање на приоритет и препукување за резултати од анкети на кои се мери политичкиот рејтинг.