Правникот по професија Димче Парталоски го забележува значењето на многу вевчански зборови во првиот речник дијалектен говор во Македонија
Шага-мага, што значи измачкано и гнасно, огносајнца што се употребува за лоша, нервозна оган жена, занзурка за украсна нишка и забагастрен за неодгледуван, запустен човек, се само дел од зборовите што можат да се најдат во новообјавеното второ дополнето издание на Речникот на говорот во Вевчани од родениот Вевчанец, инаку правник по професија Димче Парталоски. Ова е прв речник на дијалектен говор во Македонија, што го негува и чува од заборавот дијалектот и изворната лексика на специфично препознатливиот жив Вевчански говор.
,,Значењето на овој речник е и глобално и локално. Глобално пред се, зошто се работи за 4.100 заглавни зборови. Инаку зборовите се многу повеќе,зошто со примери се напишани и вметнати зборови кои не се заглавни и не можат да бидат заглавни, бидејќи речникот би бил несразмерно голем. Тоа се збореови кои ќе влезат во фондот на Македонскиот јазик. Што се однесува до глобалното, тоа е значајно за Македонската дијалектна лексика. А локалното значење е за самото Вевчани, што јас го дефинирам како етно музеј, книга непрочитана, која секој треба да ја прочита. Вевчани е сржта на битието, искра на огнот, прапочеток на почетокот, или почеток на прапочетокот."
вели Парталоски. Во Вевчани, најмалата печалбарска општина на Балканот, љубоморно се чува своето, почнувајќи од општината што тие си ја нарекуваат Держава, водата, јазикот, па до светски познатиот Вевчански карневалот за Василица. Сите овие белези заедно со типичниот говор ја одразуваат надалеку прочуената тврдокорност на Вевчанци, познати по чувањето и одбраната на сопствениот идентитет.
,,Вевчани има такви уникатни зборови кои просто пленат, воодушевуваат и вчудовидуваат. Зборот подејвала значи понизност, укутрево значи о кутар тој, или на жалост, зборот мамурлија,значи недорасонет и недоотворен, шулица значи механизам за отворање на старите порти, а убоштав значи неред, хаос или состојба на кавга. Тоа се зборови кои просто ги нема никаде,а пленат и се звучни по самата природа и несвојствени. Ако овој речник беше напишан пред сто години, ќе беше многу побогат, но ако овој речник се напише по сто години ќе нема ништо од него. Зборовите што се во него се употребуваат само десет посто, а другите зборови младите не ги знаат"
вели Парталкоски кој со пишувањето текстови, ваков помал речник пред повеќе години, потоа со новинарството, афоризмите и карикатурата се занимава со години од пасија и како хоби. За авторот Вевчанскиот речник е еден од експонатите на Етно музејот во ова мало село-општина со две-три илјади жители, сите етнички Македонци.
,,Ова е една алка на етно музејот, кој за да биде музеј треба да има многу експонати. Ова е еден од експонатите, кој не е само експонат, туку има и научно-истражувачка вредност.Тој содржи не само зборови,туку и 50-тина граматички правила, тоа е зачеток на Вевчанската граматика, условно кажано. Првото издание на овој речник излезе 1998 година, и го подготвува како средношколец. Второто дополнето издание излезе после 12 години, што значи дека сум ги пишувал околу 30 години. Веројатно работата на овој речник не е завршена, затоа што од таков тип е жанрот."
вели авторот на Првиот Вевчанскиот речник, Димче Парталоски, кој скромно навестувајќи нови вакви и други трудови, порачува дека јазикот кој е жива материја треба да ги чува старите архаични зборови како богатство на човечкиот говор и темел на Македонскиот јазик, што е значаен дел од националниот идентитет.
Ова е една алка на етно музејот, кој за да биде музеј треба да има многу експонати. Ова е еден од експонатите, кој не е само експонат, туку има и научно-истражувачка вредност.Тој содржи не само зборови,туку и 50-тина граматички правила, тоа е зачеток на Вевчанската граматика, условно кажано.