,,Глобус" објавува анализа на економската ситуација во Македонија, пренесувајќи ја и анализата на угледниот неделник ,,Економист". ,,Фокус" објавува интервју со Стевче Јакимовски од СДСМ кој вели дека ,,тоне политиката на Груевски".
Повторно поради близината на празничните датуми, Новогодишниот со оние на Бадник и на Божик, кои се, нели, државни празници, што ќе рече, неработни денови, и прегледов на домашните неделници се сведува само на избор од два: ,,Глобус,, и ,,Фокус,,.
Глобус: Економска анализа
Неделникот ,,Глобус,, ја објавува неодамнешната годишна анализа на престижниот лондонски неделник ,,Економист,, за економската кондиција на Македонија, правејќи, патем, сопствена анализа на причините и последиците за она што значи актуелна економска состојба во земјава. Според ,,Економист,, индексот за квалитетот на животот во Македонија стагнира споредено со 2006 година. Со резултат од 5,23 поени од можни 10, земјава е рангирана на 102-то место од 160 земји анализирани од британскиот неделник. Посебно треба да не' загрижува, смета ,,Глобус,, што според овој индекс сериозно заостануваме зад другите транзициски држави. Посебно ако се земе предвид дека со околу 8 ипол илјади долари по глава на жител (гледано преку споредбената куповна моќ) сме на 71-то место. А, меѓу 28 транзициски земји, во анализата на лондонскиот неделник, нашата била рангирана како 17-та според квалитетот на животот, што е најлоша позиција од сите земји кои не биле дел од некогашниот Советски Сојуз, додава ,,Глобус,,. Зад нас била само Албанија. Неделникот го пренесува тврдењето на аналитичарите на ,,Економист,, кои предвидуваат тешки денови за нашиот буџет и скромен економски раст во оваа година од околу 1%, врз што ќе влијаеле слабата приватна потрошувачка, растечката невработеност, како и прекумерното трошење на Владата и големиот буџетски дефицит. Во врска со овие предвидувања, ,,Глобус,, во сопствената анализа пишува дека Владата во услови на светска економска криза направила рекордно висок буџет чии пари се трошат за непродуктивни субвенции во земјоделството, за луѓе блиски до власта или во самата власт, за плати на пренадуениот јавен сектор, односно за партиската администрација, потоа, на статуи и споменици, а дека ниту денар не е потрошен за продуктивни инвестиции и за стимулирање на економијата. ,,Глобус,, наведува дека 40 месеци сме слушале само ветувања од Владата на Груевски, а дека ниту едно, посебно на полето на економијата, не било остварено и песимистички ја завршува анализата дека постојат многу начини како да се уништи една држава, а најлесниот е со уништување на нејзината економија.
Фокус: Интервју со Стевче Јакимовски
Неделникот ,,Фокус,, објавува интервју со Стевче Јакимовски, нов прв човек на скопскиот СДСМ, инаку, актуелен градоначалник на Карпош, чиешто неодамнешно преминување од ЛДП во СДСМ предизвика големи реакции во неговата прва партија. Овој трансфер Јакимовски го смета за логичен и природен и е убеден дека Груевски за напролет сепак се подготвува за предвремени избори, затоа што бил свесен дека можел само да го подзабави падот на рејтингот, но не и да го оправи. „Луѓето се трезнат", вели Јакимовски во интервјуто за ,,Фокус,, „тоне политиката на Груевски за, цитирам, „,силна држава со прост народ'".