Европската унија е најголема шанса за земјите на Балканот. Ова го оценува Даниел Сервер, директор на американскиот Институт за мир во интервјуто за Радио Слободна Европа. Според него, најголеми предизвици за регионот остануваат Босна и Херцеговина и Косово.
Директорот на американскиот Институт за мир Даниел Сервер смета дека работите на Косово, како што вели, главно се движеле релативно добро, односно дека не се обистиниле најлошите очекувања. Сепак, според него, северот на Косово го контролира Белград, а во истовреме не се гледа никаква политичка волја на меѓународната заедница да се спротивстави на тоа, што е своевиден голем проблем:
,,Над пеесет насто од жителите на трите северни општини пред војната беа срби. Во меѓународната заедница, а да не зборуваме за Белград, има многу кои резонираат дека тие општини треба да и припаднат на Србија. Тоа е неискрено и дволично однесување на меѓународната заедница.,,
Сервер во интервјуто со новирката на Радио Слободна Европа Бранка Тривиќ, вели дека ни Вашингтон ни Брисел не вложуваат напори Приштина да ја добие контролата врз овие општини. Тој додава дека нивниот резон е оти Косово сега е независна држава и ако е незадоволно со сегашната ситуација може за тоа да разговара со Србија. ,,Суверени држави можат да дискутираат и за прашањето за размена на територии ако тоа го сакаат,, наведува Сервер, нагласувајќи дека тоа веќе не е табу тема:
,,Не мислам дека е табу, бидејќи Косово сега е независна држава и има право тоа да го прави. Но, во тој случај Приштина нема да каже добро земете го северот. Таа за замена ќе го бара Прешево, а тоа нема да го прифати Србија.,,
Што се однесува до ситуацијата во Босна и Херцеговина Даниел Сервер вели дека и тука постои нееидинство на релацијата Брисел, Вашингтон.
,,Некои членки на Европската унија се подготвени на сите можни попуштања само да се ослободат од високиот претставник, а во односите со Србија да го употребат само морковот, а не и стапот. Американците имаат поинаков пристап.,,
Тиа, како што додава, сакаат високиот претставник да остане во Босна барем додека не се оствари уставната реформа. Сервер смета единствено што може да предизвика војна во Босна е најавата на Милорад Додик за референдум за отцепување на Република Српска.
,,Нема никаква опасност за опстанокот на Република Српска, освен опасноста што сама си ја создава. Постои општа согласност дека уставната реформа на Босна треба да се изврши во согласност со актуелниот устав што на Репбулика Српска и дава право на вето. Значи нема опасност за Република Српска, туку има само политичари кои создаваат таков впечаток.,,
Вели Даниел Сервер кој во врска со шансите за подобра иднина на земјите во регионот наведува:
,,Голема шанса секако е кандидатурата за Европската унија, бидејќи најголемите бенефиции не доаѓаат само со членството во Унијата, туку и со кандидатскиот статус. Повеќето балкански земји или се пред тој статус или веќе го имаат и тоа е исклучително важно достигнување.,,
Вели во интервјуто за Радио Слободна Европа, директорот на американскиот Институт за мир Даниел Сервер.

Суверени држави, како Србија и Косово можат да дискутираат и за прашањето за размена на територии ако тоа го сакаат...