Нигерискиот терорист се сретнал со радикален свештеник во Јемен

Јеменскиот заменик премиер Рашад Ал Алеми изјави дека нигериецот кој е обвинет за обид за терористички напад на американски авион на 25 декември се сретнал со радикалниот муслимански свештеник Анвар Ал Авлаки во Јемен. САД соопштија дека Авлаки имал врски со осомничениот за убиство на 13 луѓе во воената база во Техеран во ноември. Според некои извештаи свештеникот загинал во воздушен напад, ден пред Божиќ.