Кога Старата Европа навистина беше стара

Многу време пред древните цивилизации на Египет и Месопотамија, културите на источна и југоисточна Европа веќе го имаа совладано нивото на креативност неспоредливо со векови. Сега една изложба во Њујорк за прв пат во Соединетите држави донесе некои од најдобрите антички реликти. Станува збор за изложбата ,,Изгубениот свет на стара Европа,,.

Како да трагате по цивилизација која нема пишана документирана историја? Во случај на античките општества кои живееле во источна и југоисточна Европа во периодот помеѓу 5 илјадитата и 4 илјадитата година пред нашата ера, предизвикот се покажа особено зачудувачки.

Културите кои со векови се развиваа на просторот на денешните Македонија, Бугарија, Романија, Молдавија, Србија и Украина се распадна и одеднаш исчезнаа. Дури сега, со новата изложба на Универзитот во Њујорк, западна публиката почна да се запознава со она за што кураторот Дејвид Ентони вели дека беше најнапредна цивилизација на своето време:

Тоа беа првите култури кои ја измислија металургијата во Европа, што е големо технолошко достигнување. Сите подоцнежни цивилизации во Европа, вклучувајќи ги и Грците и Римјаните зависеа од металите. Историјата на изработка на алати и оружја од метал почна со овие култури во старата Европа.,,

Вели Ентони. Насловена како ,,Изгубениот свет на стара Европа,, на изложбата која ќе биде отворена до 25 април се изложени 160 фигури, ѓердани и други украсни предмети што археолозите ги откопаа во тој регион. И керамичките и металните предмети покажуваат напредно разбирање на работа со оган и печки. Општествата во тоа време, исто така, биле вешти во рударството, копале до 30 метри длабочина за да вадат злато и бакар.

Тоа беа првите култури кои ја измислија металургијата во Европа, што е големо технолошко достигнување. Сите подоцнежни цивилизации во Европа, вклучувајќи ги и Грците и Римјаните зависеа од металите....

Исто така со стандардите на праисторијата, културите застапени на изложбата покажуваат висок степен на општествена организација. Ентони вели дека во регионот постоеле најголемите човечки населби во светот во тоа време, вклучувајќи и градовите со население од 10 илјади луѓе:

,,Во одредени периоди и во некои места, особено во Украина, имало населби од 150 куќи, чиј број потоа достигнувал до две илјади домови.,,

Вели Ентони, додавајќи дека културниот врв на стара Европа го означи и почетокот на развојот во Месопотамија, во денешен Ирак. Но, дури и таа цивилизација, со својата монументална архитектура никогаш не стигнала на нивото и големината на човечките населби, регистрирани на територијата на сегашна Украина. Се уште не е јасно која беше причината за ненадејната смрт на просперитетната стара Европа.

,,Една хипотеза е дека меѓу 4 илјадитата и 3 илјади и 500 тата година имало инвазија од номадите кои доаѓале од евроазиските степи и оти тие ја дестабилизирале областа. Постојат и докази дека во населените места на југот имало намерно палење на градовите.,,

Вели Џенифер Чи помошник директор за изложби.

Друга теорија е дека крајот на старите европски општества бил предизвикан од климатските промени. Археолошките остатоци укажуваат дека времето во регионот околу 4 илјадитата година станало многу студено и оти тоа ги принудило жители да се преселат во потоплите краишта.