Квантитет или квалитет во високото образование

Од последните протести на студентите

Професорот во полето на образованието Константин Петковски, воедно член на СДСМ, вели дека политиката на Владата за отварање нови факултети и дисперзирани студии, само ќе ја зголеми продукцијата на високообразовни кадри, но нема да придонесе за постигнување квалитет.
Квантитетот во образованието не значи и квалитет, објаснува професорот Константин Петковски, член на СДСМ од Битола и долгогодишен експерт од полето на образованието. Според него, проектот на Владата за нови факултети и дисперзирзирани студии само ќе ја зголеми продукцијата на високообразовани кадри, но не и квантумот на квалитетни знаења кај студентите. Тоа вели пред се го оневозможуваат ограничените просторни услови во кои се сместени новите факултети, како и професорскиот кадар што ги опслужува.

,,Ете на пример започна Универзитетот по информатика во Охрид, а зградата на АРМ до пред една седмица не беше вселива, еден цел
Ете на пример започна Универзитетот по информатика во Охрид, а зградата на АРМ до пред една седмица не беше вселива, еден цел семестар студентите слушаа настава и се снаоѓаа некаде на други факултети. До скоро една година Правниот факултет во Битола работеше на Технички факултет во одредени простории
семестар студентите слушаа настава и се снаоѓаа некаде на други факултети. До скоро една година Правниот факултет во Битола работеше на Технички факултет во одредени простории. Тоа секако не се услови. Замислете Машински факултет се отвора во Виница, Електро факултет во Радовиш, колку можат да се обезбедат оптимални услови за изведба на практична работа кога се знае дека Машинските факултети во Скопје и Битола и покрај толку голема традиција не можат кажат дека се толку добро опремени за тоа да се реализира."

вели Петковски. Од друга страна на дисперзираните факултеи се носат професори од други унивезритети, наместо да се користи постоечкиот кадар на матичниот универзитет. Тој се сомнева дека за факултетите е направена проценка за општествено економска оправданост.

,,На пример во Виница на Машински факултет ќе се запишат 80 студенти, па прашање е дали во Битола, па и Скопје има потреба од вработување на 80 машински инженери, а дека тоа ќе го апсорбира пазарот на трудот во Виница. Истиот пример да го земиме со Правниот факултет со седиште во Кичево. Тоа значи дека во Кичево и Врховниот суд да го преселат и Апелационен да отворат ќе нема потреба од толку правници."

додава професорот. Според него наместо сите да се запишуваат на факултети, треба да се подигне студентскиот стандард преку стипендии и вистинска имплементација на европскиот кредит трансфер систем. Од Битолскиот Универзитет информираат дека се обезбедени просторни и кадровски услови за сите дисперзирани студии со кои им се овзоможува студирањето да им биде достапно скоро на сите матуранти. Универзитетот соработува со стопанството за да овозможи поголем број на вработувања.

,,Ние посебно внимание посветивме на праксата во различни компании и можноста не само тие да се усовршуваат туку тоа ќе биде можност и за да обезбедат работа."

вели ректорот Златко Жоглев.Тој додава „имавме во еден период масовен упис на факултетите , една хипер продукција на кадри, кои од тогаш се во системот. Иако сега можеме да кажиме дека има продукција на кадри нема скоро сфера каде нема суфицит во медицината, техничките науки, правници. Над сето ова од февруари студентите од Битолскиот универзитет ќе можат бесплатно да студираат на евроспките факултети преку ЕРАЗМОС програмата.