Балканските простори се атрактивни за екстремистите, се согласуваат домашните експерти, по информациите кои дојдоа од израелските владини претставници дека Балканот е следна дестинација на екстремистичките групи како Ал Каеда. Македонското МВР вели дека сите потенцијални терористички закани внимателно се следат.
Македонија и останатите земји од Балканот се привлечни за екстремистичките групи и терористичките организации, сметаат експертите. Од Министерството за внатрешни работи, пак, информираат дека сите потенцијални терористички закани внимателно се следат и дека земјава е активно вклулчена во глобалната борба против тероризмот. Балканот е следна дестинација на екстремистичките групи како Ал-Каеда, изјави израелскиот Министер за надворешни работи Авигодор Либерман по средбата со премиерот Никола Груевски. Либерман дополни дека во регионов се регистрирани сомнителни парични трансакции од Муслимански добротворни организации. Експертите се согласуваат дека балканските земји се атрактивни за екстремистите. Професорот по криминологија Владимир Пивоваров вели дека терористичките групации веќе подолго време се интересираат за регионов.
,,Босна и Херцеговина беше најочигледен пример за веќе почетоци на формирање на некои ќелии, потоа тој процес се спушти према Косово, во Македонија имаше обиди кои во почетокот беа осуетени, така што во иднина може да се очекува дека тие екстремистички организации нема да мируваат, ќе си бараат свои простори, каде што има плодно ткиво и плодна почва каде што ќе може да опстојуваат, затоа што нивната цел секако е Западна Европа."
Од Балканскиот полуостров екстренмистичките групи можат лесно да се пробиат кон останатите делови на Европа, додава Пивоваров:
,,Зошто е битен овој простор? Затоа што физиономијата на луѓето на овие балкански простори е ист со физиономијата на луѓето во Европа, така што ангажираните луѓе во овие терористички организации и кои се подготвени за терористички напади многу потешко спрема својот лик ќе бидат откриени во западните земји. Доколку дојде пак некој азијат, кој има нели различен лик, значи во таква ситуација многу потешко ќе биде нивното инфилтрирање за вршење терористички акт."
Македонија е активен учесник во глобалната борба против тероризмот и внимателно се следат сите сомнителни трансакции, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи Иво Котевски:
,,Република Македонија е дел од глобалната борба против заканите од тероризам и во тој контекст и МВР во континуитет презема мерки за спречување, откривање и санкционирање на сите закани од тој тип."
Босна и Херцеговина беше најочигледен пример за веќе почетоци на формирање на некои ќелии, потоа тој процес се спушти према Косово, во Македонија имаше обиди кои во почетокот беа осуетени, така што во иднина може да се очекува дека тие екстремистички организации нема да мируваат