Советот на Куманово функционира добро

Куманово

Општинскиот Совет во Куманово, најголемата локална самоуправа во државава со 33 членови е најброен, а со застапеноста на 16 политички партии од разни етникуми и верски определби, групирани во левата или десната групација, функционира добро.
Општинскиот Совет во Куманово, најголемата локална самоуправа во државава со 33 членови е најброен, а со застапеноста на 16 политички партии од разни етникуми и верски определби, групирани во левата или десната групација, функционира добро. Меѓучовечките односи се коректни и на високо ниво кога советниците се надвор од службениот делокруг. Претседателот на Советот Виктор Цветковски од коалицијата на СДСМ забележува:
Сето тоа покажува добра воља често пати политичките субјекти да се ставаат во интерес на граѓаните, а не на политичките партии од кои доаѓаат


,,Поради разноликоста можеби подолготрајно ги подготвуваме седниците согласно Деловникот за работа што го донесовме. Тоа е и доказ за успехот што и покрај шареноликоста, многу структури, религиозни, национални, политички, успеавме да ги надминеме сите несогласности и по 16 години во делокругот на работата на Советот да донесеме Деловник. Факт е дека многу одлуки се донесени со консензус без разлика на политичката обоеност.“

Тоа е поради:

,,Неколку чекори што ги направивме на почетокот бидејќи претседатели на комисиите се од опозицијата која е во Советот. Сето тоа покажува добра воља често пати политичките субјекти да се ставаат во интерес на граѓаните, а не на политичките партии од кои доаѓаат.“

Со сличен став е и Снежана Захариева претседателка на кумановскиот разгранок на СДСМ:

,,Иако ми е прв мандат мислам дека има напредок во однос на претходните состави. Нормално е по одредени ставови да има разлика и несогласувања, меѓутоа повеќето одлуки на пример, за капитални инвестиции, инфраструктурата, буџетот, финансиите и слично, она што е во интерес на граѓаните на Куманово поминува со гласање на мнозинството на членовите.“
Нормално е по одредени ставови да има разлика и несогласувања, меѓутоа повеќето одлуки на пример, за капитални инвестиции, инфраструктурата, буџетот, финансиите и слично, она што е во интерес на граѓаните на Куманово поминува со гласање на мнозинството на членовите


А кога нема:

,,Секако добронамерни критики прифаќаме. Секаде каде што има и недостатоци во работата, некогаш поради брзината со која се свикуваат седниците и обемниот материјал,има потреба од консултации со општинските служби. Во иднина на тоа треба малку повеќе да поработиме и малку повеќе време да посветиме на советничлките прашања кои се однесуваат на конкретните проблеми на граѓаните.“

Бобан Николовски координатор на кумановскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ има поинакво мислење:

,,СДСМ со коалицијата го има мнозинството и функционира како акционерско друштво, бидејќи градоначалникот и СДСМ на секој од помалите партии им исполнува по некоја желба. Тие влегуваат во УО, ЈП, вработувања по еден или двајца, затоа тоа солидно мнозинство ги гласа сите извештаи без да се дискутира. Ние реагираме на сите вакви случувања. Сепак, толку е силата кога се креваат 20 наспроти 9 раце.“

Сепак:

,,Во глобала гледаме да реагираме на секоја аномалија што мислиме дека е против интересите на граѓаните.“

Вели Николовски, а Миомир Панковски од неговата партија додава:

,,Советот функционира, меѓутоа повеќето идеи од ВМРО-ДПМНЕ наидуваат на неодобрување, на надгласување од партиите на власта.“

И покрај тоа што на седниците има разидувања, расправии, укажувања и докажувања помеѓу левата и десната опција, надвор од нив советниците негуваат добри меѓучовечки односи. Николовски вели:

,,Коректни. Градоначалникот имаше еден испад со навреда на советничка од нашата коалиција. Сепак се коректни.“

Имаше ли извинување од градоначалникот?
Меѓучовечките односи се извонредни. Немаме никакви проблеми. Одлични сме, комуницираме меѓусебе


,,На таа седница милам дека немаше,а надвор од седницата формално -да.“

Неговиот сопартиец Панковски од ВМРО-ДПМНЕ пак смета дека:

,,Меѓучовечките односи се извонредни. Немаме никакви проблеми. Одлични сме, комуницираме меѓусебе.“

Захариева од СДСМ вели:

,,Иако политички доста се разликуваме, сепак постои добра комуникација меѓу нас приватно. Сума сумарум: добро и сложно.“

Сдсмовецот Цветковски додава дека меѓучовечките односи се одраз и на позитивата при донесувањето на одлуките.

,,Тоа го констатираа и членовите на кои ова им е трет или четврти мандат.“