Локални и претседателски избори, проблемот со името, недобивањето датум за преговори со ЕУ, дочеканата визна либерализација, скандалот со енциклопедијата... беа само дел од настаните што ја одбележаа изминатата 2009-та година.
Почитувани дами и господа радиослушатели, верни пријатели, буџетари и црноберзијанци, пекари, млекари, лозари и сточари, доктори и касапи, патеници и пратеници, политичари и копаничари, пензионери и социјалци, патриоти и предавници, културни работници и академици, шофери и сообраќајци... селани и граѓани, шумари и дрвари, попови и оџи... судии и митаџии, Македонци и Албанци и сите вие други спомнати и неспомнати во прембулата на Уставот – НЕКА НИ Е СРЕЌНО И БЕРИЌЕТНО ЛЕТОТО ГОСПОДОВО 2010!!! Со верба дека годинава ни нова започна без мамурлук и со многу очекувања, во наредниве нецели 15 минути, ќе се обидеме да ве потсетиме на сите наши убави и не толку убави моменти што ја одбележаа минатата 2009. И тоа, со надеж дека ако некого заборавивме, до Прочка ќе ни прости, а ние еве ветуваме дека во следната пригода достојно ќе му се оддолжиме. А, годинава ја почнавме со божјиот глас.
,,Божји благослов за Вас Македонци мои, илјадници години чекам да ме повикате.“
Од фреквенциите на МРТВ се јави лично Севишниот, да не научи дека белата раса настанала кај нас и се раширила, верувале или не, се до Јапонското море.
,,Кај Вас долу времето сега е дојдено, да ви објаснам. Вашата мајка земја со три раси ја населив, белата-македоноиди, жолтата-монголоиди и црната-негриди, преостанатите сите мулати.“
И додека молитвите доаѓаат од таму од каде и не им е местото, МПЦ дебело ја тресеше скандалот со струшкиот хотел Изгрев.
Се вознемирија духовите, а ние обичните смртници со нескриено задоволство го поздравивме небаре еколошкиот потег - пластичните кеси во нашава родина да и ги дадеме на историјата. Барем се понадевавме дека ќе биде така. И би. Кесите станаа антиквитет за кој секој од нас требаше да издвои по денар или два. Зависно од трговците. Се поделија тие, се поделивме и ние. Не, де, за кесите. Нашите делби наново испливаа од славното ни минато. Некои седнавме на Букефал зад Александар, а другите и натаму останаа со погледот свртен кон Карпатите. Премиерот Никола Груевски, го расече Гордиевиот јазол со еден потег, ама откако си ги почека резултатите од изборите.
,,Ние не сме ниту антички, ниту словенски, ниту незнам какви... Ние сме македонци, ние имаме своја држава, ние имаме своја држава, таа има свој Устав, свој народ, свое име, своја нација, така што не би навлегувал во некои такви длабоки теми.“
А, кога сме веќе кај изборите, биднаа и тие. Без жртви како на претходните. Значи прифатливо, европски. Во конкуренција од шест мажи по прв пат во историјата на Македонија се кандидираше и жена – Мируше Хоџа. Инаку, главната битка ја биеја двајца професори од Правниот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј - Љубомир Фрчковски и Ѓорѓе Иванов. Не се штедеа!
Фрчковски - ,,Вие немате никакво политичко искуство, Вие сте табула раса.“
Иванов - ,,Црна дупка е Вашиот резултат во политиката. Моите ставови за НАТО се во мојата програма, јасни и чисти.“
Фрчковски - ,,Ма, каква програма, бегај таму.“
Фрчковски - ,,Дали сега треба да направиме профил на кандидат, кој што треба да биде ,,воштана фигура“ на премиерот.“
Иванов - ,,Кога јас се бавев со политика, Вие бевте, како Ве нарекуваа асистент ,,буреконосач.“
Фрчковски - ,,Кој филм вас ви го пуштаат.“
Иванов - ,,Вашиот удел во Рамковниот Договор мислам дека е само што сте украле пенкало на Црвенковски. Па, јас бев вклучен во политиката, признајте.“
Фрчковски - ,,Ѓорѓе, Ѓорѓе.“
На крајот пресуди гласот на народот – Ѓорге Иванов оди на Водно.
Не помалку возбудливо беше на локална сцена. Кандидатите за градоначалник на Скопје, на пример, излегоа со такви ветувања кои би ги изненадиле и режисерите на научно-фантастични филмови. Пловен Вардар, Жичница до Водно, тунел под Кале, трамвај... Сегашниот татко на метрополата се амбицира, ако победи да го поправи и часовникот на Старата железничка станица кој секојизминат час ќе го одбележува со песна од нашиот народен мелос. Сепак, победата најспектакуларно ја прослави граданочалникот на Карбинци Васил Богдански – ни помалку, ни повеќе, испече вол тежок 340 килограми. На здравје!
,,Бев во Владата на еден состанок и една од пратеничките ми рече: Васе ако победиш ќе печеш јагне! А јас и велам: Јагнето е ништо, ако победам ќе печам бик.“
Победници на изборите беа и Титовите леви сили. Добија советник во скопското градско собрание и удрија на песни и свирки. Со зурли и тапани. Сетне, Бранко Црвенковски си се врати на Бихачка, а таму преостанатите верници го пречекаа небаре е Здравко Чолиќ.
Граѓани - ,,Бранко, Бранко, Бранко.“
Црвенковски - ,,Не чека огромна работа.“
Биднаа и изборите. Иванов јурна кон Брисел да ги убедува евродипломатите во нашите намери за членство во Унијата. Овие, пак, го посоветуваа дека патот кон Брисел води преку Атина.
Треба да се постигне компромис. И тоа, не каков било, ами разумен.
,,Разумен компромис е разумен компромис.“
Што значи разумен компромис?
,,Тоа е разумен компромис, сватете го, неможам да Ви објаснувам.“
А, кога сме веќе кај компромисот, колку за потсетување, некои во изминатава година и не го поимаа разумно. Како демек спонтано собраните граѓани кои пролетоска се пресметаа со оние кои мирно протестираа против изградбата на храм на плоштадот Македонија.
,,Не го ,,силувајте“ Скопје.“
Некои изедоа ќотек, ама полицијата си беше на висина на задачата. Манџата ја збиберија и оние кои побараа и џамија од карши. И, едните и другите, а богами и третите, заборавија дека некои за јуријата токмат уште еден куп скулптури покрај веќе отопорените во Центарот на градот. Заборавија и на фонтаната и споменикот на Александар, кој како идеја од Пенов сега нели треба да се вивне над плоштадот веднаш откако Коце Трајановски ќе ги смени плочите на Пенов со старата калдрма како што видел во Париз. И, сето тоа скоро за беспари – само три милиони евра.
Во меѓувреме ни се случи и првата Македонска енциклопедија. Капитален потег, но со многу мани. Меѓу другото, академиците потсетија дека Македонците се овде од секогаш, а нашите сограѓани Албанци се дојденци, Планинци, како што ги нарекоа. Тоа и уште еден куп писанија за сенешто и секого предизвика лавина реакции. Али Ахмети се закани дека примирјето од 2001 е нарушено, а Џевад Адеми од владеачката ДУИ беше конкретен.
,,.“
Енциклопедијата демек ја повлекоа, главниот редактор академик Блаже Ристовски го сменија, а нов се уште не назначија.
И додека ние овде дебело се делевме на предавници и патриоти, а на Нимиц во Њујорк му збоктисавме со балканските инаети, од Европа решија малку да поттурнат. На средината на октомври еврокомесарот Оли Рен се произнесе:
,,Ние не сме во можност да препорачаме отварање на преговори со Поранешната Југословенска Република Македонија.“
Арно ама, Рен наедно потсети дека за датум за преговори со Старата дама, сепак, ќе треба да го решиме спорот за името со комшиите. На Бајрам Груевски се сретна со колегата Јоргос Папандреу, ама по средбата беше јасно оти ни заложбите на Билд нема да вродат со плод. Играта ја презедоа Шпанците, ама за нив и онака сме шпанско село. Прашањето и натаму е отворено, а власта молчи за македонските ставови.
,,Ние тоа ако го кажаме, на пример на Црвенковски ако кажеме за тоа која ние стратегијата, тоа е исто како на Папандреу да сме му ја кажале стратегијата и тогаш таа стратегија нема никаква вредност.“
А, на Свети Никола со многу помпа, со сите наши ѕвезди и звездички, со Калиопи и Владо, Влатко Стефановски, Есма, Британецот Фетбој Слим и српски Чола си ја прославивме визната либерализација.
Веќе утредента некои среќници со биометриски пасоши на час – два го видоа и Париз. Министерката Јанкуловска си купила чевли, а другите се сликале под Ајфеловата кула. Овде дома, отакоко прославивме ни стана јасно дека за прошетки ќе требааат еден куп документи, а богами и пари. Ама, како кога и граѓаните и владата живеат на рабуш.
Е, па драги борчлии со надеж дека во оваа нова 2010 реалноста ќе ни биде розова наместо црвена, да сте ни живи, здрави и весели.
Ние не сме ниту антички, ниту словенски, ниту незнам какви... Ние сме македонци, ние имаме своја држава, ние имаме своја држава, таа има свој Устав, свој народ, свое име, своја нација, така што не би навлегувал во некои такви длабоки теми
,,Божји благослов за Вас Македонци мои, илјадници години чекам да ме повикате.“
Од фреквенциите на МРТВ се јави лично Севишниот, да не научи дека белата раса настанала кај нас и се раширила, верувале или не, се до Јапонското море.
,,Кај Вас долу времето сега е дојдено, да ви објаснам. Вашата мајка земја со три раси ја населив, белата-македоноиди, жолтата-монголоиди и црната-негриди, преостанатите сите мулати.“
И додека молитвите доаѓаат од таму од каде и не им е местото, МПЦ дебело ја тресеше скандалот со струшкиот хотел Изгрев.
Се вознемирија духовите, а ние обичните смртници со нескриено задоволство го поздравивме небаре еколошкиот потег - пластичните кеси во нашава родина да и ги дадеме на историјата. Барем се понадевавме дека ќе биде така. И би. Кесите станаа антиквитет за кој секој од нас требаше да издвои по денар или два. Зависно од трговците. Се поделија тие, се поделивме и ние. Не, де, за кесите. Нашите делби наново испливаа од славното ни минато. Некои седнавме на Букефал зад Александар, а другите и натаму останаа со погледот свртен кон Карпатите. Премиерот Никола Груевски, го расече Гордиевиот јазол со еден потег, ама откако си ги почека резултатите од изборите.
,,Ние не сме ниту антички, ниту словенски, ниту незнам какви... Ние сме македонци, ние имаме своја држава, ние имаме своја држава, таа има свој Устав, свој народ, свое име, своја нација, така што не би навлегувал во некои такви длабоки теми.“
А, кога сме веќе кај изборите, биднаа и тие. Без жртви како на претходните. Значи прифатливо, европски. Во конкуренција од шест мажи по прв пат во историјата на Македонија се кандидираше и жена – Мируше Хоџа. Инаку, главната битка ја биеја двајца професори од Правниот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј - Љубомир Фрчковски и Ѓорѓе Иванов. Не се штедеа!
Фрчковски - ,,Вие немате никакво политичко искуство, Вие сте табула раса.“
Иванов - ,,Црна дупка е Вашиот резултат во политиката. Моите ставови за НАТО се во мојата програма, јасни и чисти.“
Фрчковски - ,,Ма, каква програма, бегај таму.“
Фрчковски - ,,Дали сега треба да направиме профил на кандидат, кој што треба да биде ,,воштана фигура“ на премиерот.“
Иванов - ,,Кога јас се бавев со политика, Вие бевте, како Ве нарекуваа асистент ,,буреконосач.“
Фрчковски - ,,Кој филм вас ви го пуштаат.“
Иванов - ,,Вашиот удел во Рамковниот Договор мислам дека е само што сте украле пенкало на Црвенковски. Па, јас бев вклучен во политиката, признајте.“
Фрчковски - ,,Ѓорѓе, Ѓорѓе.“
На крајот пресуди гласот на народот – Ѓорге Иванов оди на Водно.
Не помалку возбудливо беше на локална сцена. Кандидатите за градоначалник на Скопје, на пример, излегоа со такви ветувања кои би ги изненадиле и режисерите на научно-фантастични филмови. Пловен Вардар, Жичница до Водно, тунел под Кале, трамвај... Сегашниот татко на метрополата се амбицира, ако победи да го поправи и часовникот на Старата железничка станица кој секој
Бев во Владата на еден состанок и една од пратеничките ми рече: Васе ако победиш ќе печеш јагне! А јас и велам: Јагнето е ништо, ако победам ќе печам бик
,,Бев во Владата на еден состанок и една од пратеничките ми рече: Васе ако победиш ќе печеш јагне! А јас и велам: Јагнето е ништо, ако победам ќе печам бик.“
Победници на изборите беа и Титовите леви сили. Добија советник во скопското градско собрание и удрија на песни и свирки. Со зурли и тапани. Сетне, Бранко Црвенковски си се врати на Бихачка, а таму преостанатите верници го пречекаа небаре е Здравко Чолиќ.
Граѓани - ,,Бранко, Бранко, Бранко.“
Црвенковски - ,,Не чека огромна работа.“
Биднаа и изборите. Иванов јурна кон Брисел да ги убедува евродипломатите во нашите намери за членство во Унијата. Овие, пак, го посоветуваа дека патот кон Брисел води преку Атина.
Треба да се постигне компромис. И тоа, не каков било, ами разумен.
,,Разумен компромис е разумен компромис.“
Што значи разумен компромис?
,,Тоа е разумен компромис, сватете го, неможам да Ви објаснувам.“
А, кога сме веќе кај компромисот, колку за потсетување, некои во изминатава година и не го поимаа разумно. Како демек спонтано собраните граѓани кои пролетоска се пресметаа со оние кои мирно протестираа против изградбата на храм на плоштадот Македонија.
,,Не го ,,силувајте“ Скопје.“
Некои изедоа ќотек, ама полицијата си беше на висина на задачата. Манџата ја збиберија и оние кои побараа и џамија од карши. И, едните и другите, а богами и третите, заборавија дека некои за јуријата токмат уште еден куп скулптури покрај веќе отопорените во Центарот на градот. Заборавија и на фонтаната и споменикот на Александар, кој како идеја од Пенов сега нели треба да се вивне над плоштадот веднаш откако Коце Трајановски ќе ги смени плочите на Пенов со старата калдрма како што видел во Париз. И, сето тоа скоро за беспари – само три милиони евра.
Во меѓувреме ни се случи и првата Македонска енциклопедија. Капитален потег, но со многу мани. Меѓу другото, академиците потсетија дека Македонците се овде од секогаш, а нашите сограѓани Албанци се дојденци, Планинци, како што ги нарекоа. Тоа и уште еден куп писанија за сенешто и секого предизвика лавина реакции. Али Ахмети се закани дека примирјето од 2001 е нарушено, а Џевад Адеми од владеачката ДУИ беше конкретен.
,,
Владата на Р Македонија е должна да реагира, да бара објаснување и да бара повлекување на оваа испечатена ,,лажокопедија“. Како да ја наречам, тоа неможе да се нарече енциклопедија