Деновиве јавно беа обелоденети неколку сомневања за корупциски скандали. Според експертите тоа покажува дека и покрај напредокот, борбата против корупцијата е само декларативна. Праксата на Антикорупциската комисија ги апострофира јавните набавки како најприсутна форма на неправилности.
Во Македонија корупцијата е сеуште многу видлива, тврдат граѓаните. Неколкуте поголеми акции во полицијата и во царината го подобруваат уверувањето кај еден дел од анкетираните дека таму се наперавени одредени придвижувања нанапред. Експертите велат дека додека царината благодарение на воспоставениот систем на транпарентност и внатрешна контрола постигнала напредок, полицијата е се повеќе застапена на листата на посочените институции според корумпираноста.
Корупцијата вилдива, тврдат граѓаните
,,Правосудството, полицијата."
,,Полицијата."
,,Да не платиш казна ти бараат нешто друго, се подразбира тоа."
Велат граѓаните. Голем број од претставките поднесени од страна на граѓаните до невладината Транспарентност нулта корупција се однесуваат на пограничната и на сообраќајната полиција, вели претседателката на оваа организација Слаѓана Тасева. Таа се нарекува индивидуална корупција но е помалку застапена на сметка на онаа, што како што вели Тасева во самите инситуции на системот.
,,Што е најлошо, можам да кажам како дијагноза или како облик на корупција, самите институции кои што се задолжени да се борат против корупцијата не ги почитуваат основните правила на доброто управување, што значи транспарентно, одговорно и отчетно трошење на средствата од буџетот."
Судството и државните институции се оние што најмногу ги загрижуваат антикорупционерите. Граѓаните се жртви на ваквата слика.
,,Министерства итн..."
,,Ако на твоја страна е законскиот пропис, а го губиш спорот, а на другата страна се прават различни манипулации, одговорот е тука."
Јавните набавки – ,,болна точка"
Праксата на Антикорупциската комисија ги апострофира јавните набавки како најприсутна форма на неправилности.
,,Скорото секое министерство во однос на јавните набавки има прекршување на своите овластувања."
вели Ариф Муса член на Антикорупцискта комисија.
Сепак работата на Антикорупциската комисија завршува со поднесувањето на претставките за воочените неправилности, од кои како што вели Муса, до сега не е процесуирана ниту една. Приказната завршува со судството и јавното обвинителство каде што работите затајуваат поради политичките влијанија. Оттука борбата против корупцијата, заклучува Тасева е сеуште само декларативна и застанува на ниво на законите, додека пак во праксата системот не само што не функционира врз основа на тие закони, туку се претвора во своја спротивност, осносно во злоупотреба на законите. Во последниве неколку дена јавно беа обелоденети неколку сомневања за корупциски скандали. Во пазарната инспекција како и фирмите кои победиле на тендер за гасификацијата и за новогодишното украсување.
Што е најлошо, можам да кажам како дијагноза или како облик на корупција, самите институции кои што се задолжени да се борат против корупцијата не ги почитуваат основните правила на доброто управувањe
Корупцијата вилдива, тврдат граѓаните
,,Правосудството, полицијата."
,,Полицијата."
,,Да не платиш казна ти бараат нешто друго, се подразбира тоа."
Велат граѓаните. Голем број од претставките поднесени од страна на граѓаните до невладината Транспарентност нулта корупција се однесуваат на пограничната и на сообраќајната полиција, вели претседателката на оваа организација Слаѓана Тасева. Таа се нарекува индивидуална корупција но е помалку застапена на сметка на онаа, што како што вели Тасева во самите инситуции на системот.
,,Што е најлошо, можам да кажам како дијагноза или како облик на корупција, самите институции кои што се задолжени да се борат против корупцијата не ги почитуваат основните правила на доброто управување, што значи транспарентно, одговорно и отчетно трошење на средствата од буџетот."
Судството и државните институции се оние што најмногу ги загрижуваат антикорупционерите. Граѓаните се жртви на ваквата слика.
,,Министерства итн..."
Скорото секое министерство во однос на јавните набавки има прекршување на своите овластувања