Поминува една доста тешка година, нервозна, и би рекол неуспешна, ако гледаме во глобала. Како автор најмногу ме преокупираа пред се, тоа би бил ирационален национализам којшто не обзеде сите, не баш сите, оние коишто раководат со државата најмногу и нивните војници се разбира. Потоа, би кажал дека карактеристично за оваа година е што не успеавме и не научивме да донесуваме одлуки
На специфичен начин вие следите будно што се случува во нашиот политички и општествен живот, па во таа смисла, каква година оставаме зад нас?
Јас би кажал дека поминува една доста тешка година, нервозна, и би рекол неуспешна, ако гледаме во глобала. Значи, општеството политички, економски, духовно, секако, една доста неуспешна година. Што не значи дека треба и со песимизам треба да се гледа натаму, затоа што неуспехот понекогаш знае да биде и големо училиште за понатаму да не ги повторуваме грешките, инаку, ако одиме по настани, јас не би одел директно, затоа што имаше многу настани за коишто може да се каже по нешто, но во глобала би кажал што мене како автор ме преокупирало најмногу за да ги дадам своите сатирични боцки преку Пецко во Време. Пред се, тоа би бил ирационален национализам којшто не обзеде сите, не баш сите, оние коишто раководат со државата најмногу и нивните војници се разбира. Потоа, би кажал дека карактеристично за оваа година е што не успеавме и не научивме да донесуваме одлуки, било какви, тука не мислам само на политички одлуки и оваа најголемата одлука околу името, туку да земеме и еве, академијата, која е збир на нашите најголеми умови, не може да донесе едноставно одлука. Тоа не знаење за донесување одлуки го подели народот не само по етничка основа, туку и самите Македонци се поделивме меѓу себе затоа што не гледаме исто на работите. Таа не можност за донесување одлуки постојат длабоки историски корени коишто денеска најмногу доаѓаат до израз и трето што најмногу ми падна во очи е една грешка на власта, која се обидува преку рекламни спотови да го подигне патриотскиот дух на Македонецот, што сметам дека е погрешен пат, затоа што патриотизмот не се подига со реклами, туку со создавање на правна и успешна и материјално сигурна држава.
Наидувате ли на настани коишто сами себе си се искарикирале пред да станат тема на вашите карикатури?
Да. Одговорот е едноставен, лаконски. Затоа што некогаш животот создава толку комични ситуации, затоа што не е потребно некој да ги црта или да пишува за нив. Тука мислам најмногу на политичката стварност, затоа што тој црн хумор, таа ситуација кога се станува хумор, тоа е почеток на трагедија. Блискоста на хуморот со трагедијата е многу близок, на иста линија е речиси. Јас често пати знаев да кажам дека немам толку простор за да ги искажам сите идеи коишто ова општество ми ги дава и би бил најсреќен човек во моите одминати години кога би дошло време јас да останам без работа, тоа значи дека многу работи во нашето општество би се исправиле.
Карикатурата често пати се доживува како разоткривање на едно политичко лицемерие. Имаше ли таков тип лицемерие и изминатава година?
Па имаше многу да ви кажам. Мене ме следат сите, но до мене не допира никаква реакција, затоа што тие што треба да реагираат едноставно не сакаат да мислат на тоа. Толку се силни што преоѓаат преку тоа, убедени дека нив никој не може да им наштети и никој не може да им го смени мислењето. Иако, често пати сум забележал дека некои од работите за кои јас сум кажал нешто, преку Пецко често пати биле брзо и прифатени. Власта ги прифаќа оние кои што ги тапкаат по рамо, оние кои се истомисленици со нив без да го слушнат нивното мислење, таквиот број е се поголем и она што застрашува е што таквите луѓе во себе земаат таква сила не само што медиумски напаѓаат, туку се во состојба и физички да се пресметуваат со оние кои не мислат исто со нив.
Како се справувате со општиот напор да се прикрие вистината?
Јас спаѓам во храбрите луѓе, затоа што навистина немам што да загубам. Не се плашам, чист сум во суштината сопствена, во однос на начинот на работата. Одбегнувам директни навреди на личности, иако често пати знам да се подигрувам со нашите врвни функционери и со новото на нивната интелигенција и подготвеност за тие работни места. Немам што да изгубам затоа што во животот со сопствената работа сум стекнал се што ми е потребно и немам некои барања јас да бидам во слојот на најбогатите. Она што ме загрижува и ме плаши е што судбината на внуците не е дефинирана, мислам на третото поколение, коешто не знам во какви услови ќе се школува и дали ние со домашното воспитување можеме да надоместиме нешто и да спасиме.
Од друга страна, како се справувате со изместените вредности во општеството?
Многу тешко да ви кажам ми паѓа кога гледам дека некои површни вредности, некои луѓе кои би требало да бидат на маргините на ова општество наеднаш добиваат признанија, тука не мислам на награди, туку признанија во смисол да играат некаква главна улога, којашто за жал, кај мнозинството неупатени луѓе може да делува негативно. Јас често пати ги слушам и гледам од радозналост, да видам до каде нашата глупост може да стаса и едноставно за да можам да реагирам на тоа, меѓутоа, поддршката на страна на власта, која во нив гледа само свои гласачи и ги користи нив за најпримитивен популизам тоа ме застрашува уште повеќе.
Го чувствувате ли за загрозен идентитетот на вашиот најпознат лик Пецко?
Па, идентитетот на Пецко тешко да биде доведен во прашање, затоа што тој секогаш поаѓал од вистината, барем онаква каква што јас како автор ја гледам и желбата таа вистина да ја прикаже на другите. Никогаш не сум заземал политичка страна, од првиот ден кога сум почнал да цртам карикатури, а тоа е 1960 година, во моите дела секогаш сум ја обработувал власта, дали била комунистичка, социјалистичка, СДС-овска, ВМРО-вска, затоа што сум сметал дека таа е одговорна. Тука не сакам да го ставам и народот на страна, затоа што и тој е одговорен на некој начин, постојат демократски начини како да се реагира ако нешто не чини и во таа смисла Пецко не се менува, бидејќи отсекогаш бев сигурен, ако заземам една страна и да се приклонам на едно мислење дека тоа ќе биде грешка за мене и мислам дека токму таквиот идентитет на Пецко го одржува до ден денес еве веќе 30 години.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5