Претходно своја верзија на овој закон одобри и Претставничкиот дом. Иако постојат значителни разлики во двете верзии кои треба да бидат допрва услогасени целта им е иста: милиони американци да добијат здравствено осигурување.
Прифаќањето на здравствените реформи претставува голема победа за претседателот Барак Обама, кој кампањата за влез во Белата куќа ја водеше под мотото дека здравствената заштита е право, а не привилегија. Тој вети дека ќе им помогне на над триесет милиони американци кои се без здравствено осигурување да го добијат тоа, што пак дополнително ќе го оптовари американскиот буџет.
За прв пат во историјата на оваа земја, секој американец ќе може да добие здравствено осигурување. Од сите недостатоци во нашиот здравствен систем, најфрапантен е фактот што десетици милиони американски државјани не можат да добијат осигурување...
Се проценува дека станува збор за еден трилион долари. Имено владата ќе ги субвенционира трошоците за здравствено осигурување за луѓето кои не можат да ги плаќаат пазарните цени на лекрските услуги, а ќе им даде даночни олеснувања на компаниите што ги осигуруваат нивните вработени. Со тоа секој американец ќе има некаков вид здравствена заштита.
,,Конечниот закон ќе биде пресвртница за Соединетите држави. За прв пат во историјата на оваа земја, секој американец ќе може да добие здравствено осигурување. Од сите недостатоци во нашиот здравствен систем, најфрапантен е фактот што десетици милиони американски државјани не можат да добијат осигурување.,,
Вели професор Роберт Филд, експерт за американската здравствена политика, додавајќи дека здравството во Соединетите држави се разликува од другите индустријализирани земји во светот, кои одамна здравственото осигурување го имаат направено достапно за сите.
,,Јазот во Соединетите држави доведе до огромен број на лични банкротства. Трошоците за здравствена заштита се најголемата причина за лични банкротства во земјата. Исто така се смета дека десетици илјади смртни случаи годишно се последица од тоа што луѓето немаат пари за лекување.,,
Обама не е првиот претседател кој дојде во Белата Куќа, ветувајќи реформи на здравствената заштита. Но, доколку во наредниот месец го потпише законот тој ќе стане првиот што успел во тоа. Зошто се чекаше толку време? Филд смета дека тоа е поради фактот што во здравствената заштита е вклучено прашањето за живот и смрт што е длабоко лично и емоционално прашање. А во голема земја како Америка секое емоционално прашање кое навлегува во политичката арена, води и кон поделби во земјата.
,,Во Соединетите држави ние навистина сакаме нештата да ги правиме преку приватниот сектор. И кога станува збор за реформа на некоја голема индустрија, ние импулсивно сакаме тоа да не го прави директно владата, туку приватните компании за да има конкурентност на пазарот.,,
Во поголемиот дел од Европа, наведува Филд, владите им обезбедуваат здравствената заштита на своите граѓани, но во Америка, се што доаѓа од владата е под сомневање дека тоа ќе чини премногу за да се постигне премалку.