Србија наскоро ке ја предаде тужбата за геноцид против Хрватска во Хашкиот трибунал. Како што јави Б 92, Србија со тоа одговара на тужбата за геноцид што Хрватска ја поднесе против неа, обвинувајќи ја Хрватска за етничко чистење во периодот 1991 до 1995 година. Во неа се наведува како Србите, кои пред војната живееле во Хрватска биле жртви на геноцид, а Србија тоа планира да го докаже повикувајќи се на хашките обвиненија и процесите против Хрватите во Хаг.