Блогерски полемики за името

Полемики, но и говор на омразата

Блог незадоволство по грчкото вето и одлуката на Брисел да го одложи доделувањето датум за преговори со ЕУ . На форумите има и говор на омраза. Според блогерите тие имаат мало влијание врз третирањето на темите, за разлика од новинарите кои го мислат спротивното.
Македонско- грчките односи, особено ветото по Букурешт ги разбуди и распламти блогерите во интeрнет презентација на личните ставови и коментари.
Некои постови и коментари беа исполнети со говор на омраза


„Немаше некоја директна преписка меѓу македонските и грчките блогери. Македонските постови и коментари беа исполнети со говор на омраза, пред се насочени кон грчката популација и имаше прилично навреди од секаква природа“

Вели Кире Василев, еден од блогерите кој направил анализа на пишувањата и реакциите поврзани за грчко македонските релации. Кога станува збор за промена на името бројот на коментари и реакции по одделни веб-страници што се дел од политичките полемики за преговорите околу спорот со јужниот сосед засега барем меѓу македонските и грчките блогери не се регистрирани меѓусебни коментирања.
„Вето-гето“, „Само идиот ќе продолжи со преговори“, „Македонија 52ра америчка држава“, тоа се само дел од текстовите што само на еден или друг начин се пренесени како тензија на медумите и политичките елити во земјава

„Околу 70 проценти сметаат дека нивните блогови немаат или имаат само мало влијание во однос на третирањето на темите од политика, општество и медиуми. Дијаметрално спротивни се ставовите на новинарите коишто, напротив, сметаат дека влијанието на блоговите е доста големо“

оценува Александар Ковачевски.

Тој беше еден од 5-мината македонски интернет истражувачи на политичките и социолошките трендови чие издавање го финансираше германска фондација Фридрих Еберт.

Според сублимираните анализи македонските блогери имаат напишано над 70 илјади текстови во интернет комуникацијата а во јавноста се познати и помлади политичари кои имаа регистирано свои сајтови за меѓусебна комуникација.