Педестина тезги на кои се продаваат разни новогодишни подароци, се поставени во центарот на Куманово. Меѓу трговците ретко кој е задоволен. Повеќето, се жалат дека годинава продажбата е послаба од лани.
Новогодишни честитки, балони во разни форми и бои, капи, шалови, чорапи, играчки, гердани, белегзии и уште многу дребулии 50-ина кумановски тезгаџии на малиот Градски плоштад секојдневно од утро до вечер им ги нудат на минувачите. Со насмевки и повици, со разни музички звуци, ѕвончиња, се трудат да предизвикаат внимание кај децата, кои пак од родителите ќе бараат да се фатат за џеб и да им купат нешто. Цените се главно од пет до сто денари. Меѓутоа, поради сиромаштијата изгледа луѓето се помалку излегуваат, ама и вешто ги одбегнуваат тезгаџиите од кои се кријат дури и со погледот. Како им минуваат деновите кога веќе ситно се одбројува крајот на 2009-та година, тезгаџиите раскажуваат:
,,Кога оди, кога не оди. Локацијата е добра, а закупнината за местото лани беше 3-4 илјади, сега не знаеме.“
,,Моментално не сум задоволна.Очекувам да биде подобро.“
,,Честитки послабо се продаваат во однос на лани. Се заработува нешто, ама слабо. Се смрзнуваме по цел ден.“
,,Оваа година многу слабо. Ќе има заработувачка колку за празниците. За една софра ќе обезбедиме, ама за повеќе слабо. Се надевам дека малку ќе платиме закупнина. Честитките се два денара, ама поштарината е скапа, 15 денари за тука, а 150 за странство. Се бориме за егзистенција.“
И како што во секое правило има исклучок, така и меѓу новогодишните трговци има и задоволни.
,,Засега сум задоволен. Одиме со поефтина стока и добро е.“
,,Зависи од времето. Ако е постудено нема деца, ако е топло децата шетаат. Заработувам по две илјади дневно.“
Гастарбајтерите пак велат дека иако е криза во другите земји сепак е поинаку.
,,Јас сум во странство. Во Германија. Може на овој начин да се заработи. Нашиот народ е 40 % социјално загрозен,таму има новогодишни попусти. Овдека не се попусти, туку манипулации.“
Кумановските новогодишни тезгаџии на нивните времени работни места ги држи оптимизмот и желбата да ги орасположат своите купувачи, а потоа со по некоја пара да се орасположат и себеси и нивните семејства.
Моментално не сум задоволна. Очекувам да биде подобро

Честитки послабо се продаваат во однос на лани. Се заработува нешто, ама слабо. Се смрзнуваме по цел ден