Рефлексии на отсутното и присутното е насловена третата по ред самостојна изложба на графики на уметникот Горан Јованов што ќе биде отворена вечер во 20 часот, во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности, Сули ан во Скопје.
24 графики од циклусот насловен како Рефлексии на отсутното и присутното, инаку магистерски труд, на младиот Горан Јованов, во наредниве две недели, ќе бидат изложени на Факултетот за ликовни уметности, Сули ан во Скопје. Во предвечерието на својата трета по ред самостојна поставка уметникот ќе запише дека откако почнал да се занимава со ликовна уметност, секогаш имал намера својот интерес за творештвото да го темели врз искуството на сопствената традиција и во процесот на истражување и експеримент да изнајде за себе нови можности кои во голема мера би влијаеле на неговиот индивидуален ракопис и автентичен творечки израз.
„Мојата инспирација јас ја црпам од нашето пространство и желбата за истражување и експериментирање, каде што го откривам просторот со кој се идентификува некој од нас и настојувам да го пренесам тој простор“
истакнува Јованов. Дообјаснувајќи ги своите стремежи во уметноста тој со дополна:
„Во моите графики е претставен самиот простор, потоа навлегувам во знакови и симболички гравури, создавајќи контраст и хармонија меѓу светлите и темните предели“
Инаку, Горан Јованов е роден во Гевгелија во 1982 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот графика со насока реставрација и конзервација и дизајн во класата на професорот Димитар Малиданов, а од 2007 година е на магистерски студии на ова наша образовна институција.
Неговите дела во оваа декада биле претставувани на групните изложби во Берлин, Лоџ, Белград, Нови Сад, Охрид, Битола... Беше учесник на изложбата на македонските уметници која се одржа во Националниот двор на културата во Софија и на Меѓународното биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот кое во септември годинава се одржа во Скопје. Од 2006 година е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, а на штотуку завршената 56-та годишна изложба на нашата национална ликовна асоцијација ја доби наградата Димче Николов за графика.
„Понатаму се надевам дека ќе направам услови да ги продолжам овие мои предизвици каде што најмногу можам да се изразам“
вели младиот уметник чие време допрва доаѓа.
Мојата инспирација се нашите пространства и желбата за истражувања