Монтазери - Ајатолах и дисидент

Погребот на Монтазери во Ком

Според веб страницата Калеме, лидерот на опозицијата Мирхосеин Мусави пристигнал во Ком каде на семејството на Ајатолахот Монтазери му изразил сочувство. На странските медиуми не им дозволено да известуваат од погребот на Ајатолахот, односно да патуваат во Ком. Радио Слободна Европа - Радио Фарда ја пренесе изјавата на еден од приустните во Ком.

„Маса луѓе започнаа да се собираат во 7 часот изутрината пред домот на Монтезари и скандираа Алах Акбар. Мислам дека и сега се слуша скандирање. Денеска жалиме. Исто така се скандира Хосеин – Мир Хосеин и други повици кои се дел од протестите на зеленото движење“.

Иранскиот водечки дисидентски свештеник, Големиот Ајатолах Али Хосеин беше еден од најгласните и најпознатите критичари на раководството на Иран. Тој почина на возраст од 87 години, а државната новинска агенција ИРНА, јави дека починал синоќа во неговиот дом во светиот град Ком, југозападно од Техеран, но не ја наведе неговата титула, ниту пак причината за неговата смрт.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Иран - погребот на Ајатолахот Монтазери



Кој беше Големиот Ајатолах Монтазери?


Монтазери беше личност која се трансформира од основач на Исламската револуција кога беше остранет Шахот Реза Пахлави подржуван од Соединетите Држави во остар критичар на тврдокорното иранско раководство. Според изјавата за Радио Фарда на реформистичкиот клерик Тагхи Фазел Меибоди, Ајатолахот Монтазери бил голем заштитник на човековите права во Иран:
Тој напиша книга и ги истакнуваше индивидуалните граѓански права. Не сум видел Голем Ајатолах да има такви познавања на човековите права

"Тој беше 'шиитски извор на емулација" чии верувања се проширија и надвор од општа практика на верските училишта. Особено прашањето на човековите права беше од големо значење за него и тој ги користеше најновите светски случувања по ова прашање. Тој, исто така, напиша книга за граѓанските права, во која ги истакна индивидуалните права права на секој граѓанин. Не сум видел еден шиитски Голем Ајатолах да има такви познавања за човековите права. "

Архитект на револуцијата од 1979 година, Монтазери беше назначен за наследник на врховниот лидер Ајатолахот Хомеини. Но, несогласувањата околу човековите права и водењето на војната со Ирак, неколку месеци пред Хомеини да почине од рак во 1989 година го острани Монтазери, а на чело како врховен верски лидер стана Ајатолахот Али Хаменеи. Монтазери го критикуваше Хаменеи за неговите верски квалификации. за тиранијата потпирана врз безбедносните сили. И покрај политичка изолација, Монтазери остана инспирација за иранските реформисти и почитувана верските фигура. На него, всушност се гледаше и како како на духовен татко на зелено движење на опозицијата, која се појави во Иран по спорните претседателски избори во јуни.