Македонските граѓани ќе може без визи да патуваат во Европа. За сега, туристичките агенции велат дека интересот на граѓаните за патувања за новогодишните празници е помал од лани. Граѓаните пак, среќни што им се отвора можност за патувања, а според некои и за заработувачка во Европа.
Долги редици пред амбасади и лете и зиме, луѓе чекаат со денови да аплицираат за виза, нервозни граѓани. Пред многу години Цацко и Тошо од к-15 во нивниот скеч ја опишаа радоста по добиената виза.
„Колку?“
„Шест месецииии! Музикаа, шибај!“
Помал интерес од лани за патувања во странство
Нивната шега за многу луѓе до неодамна беше вистина. Од денеска 554 илјади луѓе кои веќе извадиле биометриски пасоши и сакаат да патуваат, нема да чекаат пред амбасади . Оние кои имаат стари пасоши и сеуште им важат за да патуваат низ Европа ќе мора повторнода вадат виза во амбасадите. Интересот на македонските граѓани за патување во Европа не ги задоволи очекувањата на туритичките агенции . Александар Чоневски кој е сопственик на една на туристичка агенција вели дека годинава бројот на луѓе кои сакаат новогодишните празници да ги поминат во некоја европска земја е значително намален во однос на минатата година. Чоневски вели дека е малку разочаран затоа што очекувал многу повеќе.
„Причините, не знам, може да ги лоцираме и во свински грип, беспарица, можеби повеќето луѓе чекаат да дојде 19 декември па слободно сами да прошетаат надвор, но во секој случај уплатите се на пониско ниво од лани.“
Цените на аранжманите за дочек на Нова Година во некоја од светските метрополи се движат од 120 евра по човек за автобуска тура до Солун со 3 ноќевања, па до најскапиот аранжман од 800 евра за Дубаи. Граѓаните се жалат дека немаат доволно пари за патување , па поголемиот дел од нив новогодишните празници ќе ги поминат во своите домови.
„Со шест илјади и петсто пензија каде да одиш? Единствено со сарма и зелка дома да поминеш.“
„Оваа година ќе славиме во Берово, во викендица, зошто таму? Прво, заради финансиски причини. Мислам дека и да имам повеќе финансии би славел во државава.“
„Светска криза да ви кажам право“
„Ние фамилијарно дома ќе се собереме со пријатели, затоа што зимно време не ни се оди надвор од Скопје.“
Шанса за заработувачка?
Визната либерализација им значи многу на младите и на помалку информираните луѓе кои сметаа дека во Европа ќе можат да си најдат работа и да студираат.
„Чекам, дај боже што се укинаа визите, одам за Белгија, не можам веќе.“
„Значи ќе може да патуваме во светот без визи.“
„Јас не сакам да патувам, немам средства, ама зошто младината да не може? Зошто да не ни дозволуваат да го видиме светот? Сега, барем слободно ќе можеме да патуваме“
„Освен перспектива за подобра заработувачка, да се види свет.“
„Ќе се снајдеме таму, ќе поработиме и ќе биде подобро и за нас.“
Новиот безвизен режим нема да им помогне на граѓаните полесно да најдат работа во Европа. Луѓето кои сакат да работат во некоја земја од белата Шенген зона, треба да извадат работна дозвола за да можат да се вработат, а за да студираат во некој од европските универзитети ќе им биде потребна виза за подолг престој.Ќе имаат право на престој вкупно 90 дена во период од 6 месеци.Од министерството за надворешни работи велат дека при влезот во земја членка на Европска унија граничниот службеник има дискреционо право да ги праша и да им побара на луѓето кои влегуваат во земјата, документи со кои ќе мора да ја докажат целта на патувањето. Службеникот има право и да им побара докумет со кој ќе можете да докажете дека имате доволно пари да се издржувате себе си таму за време на престојот. Доколку некој од условите граѓанините што патуваат не ги исполнуваат може да му биде и забранет влезот во државата.
Во Охрид помал интерес за новогишната прослава од лани
Во овој период се наметна прашањето колку визната леберализација ќе го намали бројот на туристи во земјава. Туристите од Србија кои традиционално го посетуваат Охрид за новогодишните празници ги откажаа своите аранжмани. Слаѓана Столевска од охридскиот хотелски сектор вели дека многу од српските и бугарските туристи ги откажале резервации за пречек на Новата година.
„Групите од Бугарија кои беа најавени ни откажаа. Гостите кои доаѓаат ќе бидат претежно од Србија, а имаме и македонски гости.“
Новогодишните цени во Охрид се на ланско ниво и тие се движат од 100 па до 250 евра за тридневните аранжмани со свечениот дочек. Претседателот на хотелиерката организација, „ХОТАМ“, Дончо Таневски вели дека минатата година ова време веќе 70 проценти од хотелските капацитети биле резервирани и уплатени.
„Годинава е катастрофално. Немаме 10 посто од капацитетите исполнети со резервација и уплати. Се што беше најавено, и непотврдено со уплати имаме откажувања големи.“
Охридскиот градоначалник Александар Петрески апелира до сите вклучени во туристичкиот сектор итно да преземат мерки за привлекување на што поголем број гости.
„Хотелиерите ако знаат дека ситуацијата е таква треба нагло да ги спуштата цените, како што авио компаниите ги спуштаат цените и летаат за 30 евра, зошто да не се спуштат цените и кај хотелиерите? Истото треба да го направат и газдите на рестораните.“
Кој одел во Маврово, ќе оди во Маврово
Ски терените , зимската идила и поевтините цени на Маврово годинава привлекуваат многу повеќе од лани , странски и домашни туристи.Саше Ристовски кој работи како менаџер во еден од хотелите во Маврово вели дека безвизниот режим не влијае негативно врз бројот на гостите .
„Ние за сега не го чувствуваме тоа. Бројот е зголемен во споредба со лани. Мислам дека ќе има поголем ефект на летната сезона, отколку зимската. И претходно луѓето имаа опции, но мислам дека луѓето што доаѓаа во Маврово и понатаму ќе доаѓаат во Маврово.“
Државни субвенции за странски туристи
Од агенцијата за подршка и развој на туризмот велат дека имаат стратегија за привлекување на туристи во Македонија. Директорот на агенцијата, Зоран Стрезовски вели дека досега испратиле понуди до туристичките агенции во соседните земји за дочек на новатагодина и за зимскиот одмор.
„Значи, има позитивна реакција, но останува знаете, секогаш понатамошните договарања со хотелите. Односно, проблем е цената на сместувањето. Другите региони, односно другите земји со пониска цена привлекуваат странски туристи.“
Стрезовски како дел од стратегијата за привлекување на туристи ја наведува одлуката од 1 јануари да се субвенционираат странските туристи.
„Секој оној туроператор кој ќе донесе странски туристи во нашата земја ќе има право да рефундирање на дел од средствата, се со цел нашиот туристички производ да биде поконкурентен на таргетираниот пазар.“
И туристичките работници а и граѓаните влеат дек аоваа година била една од најтешките, барем што се однесува до финансискиот дел, па затоа тие оставаат за наредната година да се искористат бенефициите од визното ослободување.
„Колку?“
„Шест месецииии! Музикаа, шибај!“
Помал интерес од лани за патувања во странство
Нивната шега за многу луѓе до неодамна беше вистина. Од денеска 554 илјади луѓе кои веќе извадиле биометриски пасоши и сакаат да патуваат, нема да чекаат пред амбасади . Оние кои имаат стари пасоши и сеуште им важат за да патуваат низ Европа ќе мора повторно
Причините, не знам, може да ги лоцираме и во свински грип, беспарица, можеби повеќето луѓе чекаат да дојде 19 декември па слободно сами да прошетаат надвор, но во секој случај уплатите се на пониско ниво од лани
„Причините, не знам, може да ги лоцираме и во свински грип, беспарица, можеби повеќето луѓе чекаат да дојде 19 декември па слободно сами да прошетаат надвор, но во секој случај уплатите се на пониско ниво од лани.“
Цените на аранжманите за дочек на Нова Година во некоја од светските метрополи се движат од 120 евра по човек за автобуска тура до Солун со 3 ноќевања, па до најскапиот аранжман од 800 евра за Дубаи. Граѓаните се жалат дека немаат доволно пари за патување , па поголемиот дел од нив новогодишните празници ќе ги поминат во своите домови.
„Со шест илјади и петсто пензија каде да одиш? Единствено со сарма и зелка дома да поминеш.“
„Оваа година ќе славиме во Берово, во викендица, зошто таму? Прво, заради финансиски причини. Мислам дека и да имам повеќе финансии би славел во државава.“
„Светска криза да ви кажам право“
„Ние фамилијарно дома ќе се собереме со пријатели, затоа што зимно време не ни се оди надвор од Скопје.“
Шанса за заработувачка?
Визната либерализација им значи многу на младите и на помалку информираните луѓе кои сметаа дека во Европа ќе можат да си најдат работа и да студираат.
„Чекам, дај боже што се укинаа визите, одам за Белгија, не можам веќе.“
„Значи ќе може да патуваме во светот без визи.“
„Јас не сакам да патувам, немам средства, ама зошто младината да не може? Зошто да не ни дозволуваат да го видиме светот? Сега, барем слободно ќе можеме да патуваме“
„Освен перспектива за подобра заработувачка, да се види свет.“
„Ќе се снајдеме таму, ќе поработиме и ќе биде подобро и за нас.“
Новиот безвизен режим нема да им помогне на граѓаните полесно да најдат работа во Европа. Луѓето кои сакат да работат во некоја земја од белата Шенген зона, треба да извадат работна дозвола за да можат да се вработат, а за да студираат во некој од европските универзитети ќе им биде потребна виза за подолг престој.Ќе имаат право на престој вкупно 90 дена во период од 6 месеци.Од министерството за надворешни работи велат дека при влезот во земја членка на Европска унија граничниот службеник има дискреционо право да ги праша и да им побара на луѓето кои влегуваат во земјата, документи со кои ќе мора да ја докажат целта на патувањето. Службеникот има право и да им побара докумет со кој ќе можете да докажете дека имате доволно пари да се издржувате себе си таму за време на престојот. Доколку некој од условите граѓанините што патуваат не ги исполнуваат може да му биде и забранет влезот во државата.
Во Охрид помал интерес за новогишната прослава од лани
Во овој период се наметна прашањето колку визната леберализација ќе го намали бројот на туристи во земјава. Туристите од Србија кои традиционално го посетуваат Охрид за новогодишните празници ги откажаа своите аранжмани. Слаѓана Столевска од охридскиот хотелски сектор вели дека многу од српските и бугарските туристи ги откажале резервации за пречек на Новата година.
Годинава е катастрофално. Немаме 10 посто од капацитетите исполнети со резервација и уплати.
„Групите од Бугарија кои беа најавени ни откажаа. Гостите кои доаѓаат ќе бидат претежно од Србија, а имаме и македонски гости.“
Новогодишните цени во Охрид се на ланско ниво и тие се движат од 100 па до 250 евра за тридневните аранжмани со свечениот дочек. Претседателот на хотелиерката организација, „ХОТАМ“, Дончо Таневски вели дека минатата година ова време веќе 70 проценти од хотелските капацитети биле резервирани и уплатени.
„Годинава е катастрофално. Немаме 10 посто од капацитетите исполнети со резервација и уплати. Се што беше најавено, и непотврдено со уплати имаме откажувања големи.“
Охридскиот градоначалник Александар Петрески апелира до сите вклучени во туристичкиот сектор итно да преземат мерки за привлекување на што поголем број гости.
„Хотелиерите ако знаат дека ситуацијата е таква треба нагло да ги спуштата цените, како што авио компаниите ги спуштаат цените и летаат за 30 евра, зошто да не се спуштат цените и кај хотелиерите? Истото треба да го направат и газдите на рестораните.“
Кој одел во Маврово, ќе оди во Маврово
Ски терените , зимската идила и поевтините цени на Маврово годинава привлекуваат многу повеќе од лани , странски и домашни туристи.Саше Ристовски кој работи како менаџер во еден од хотелите во Маврово вели дека безвизниот режим не влијае негативно врз бројот на гостите .
„Ние за сега не го чувствуваме тоа. Бројот е зголемен во споредба со лани. Мислам дека ќе има поголем ефект на летната сезона, отколку зимската. И претходно луѓето имаа опции, но мислам дека луѓето што доаѓаа во Маврово и понатаму ќе доаѓаат во Маврово.“
Државни субвенции за странски туристи
Од агенцијата за подршка и развој на туризмот велат дека имаат стратегија за привлекување на туристи во Македонија. Директорот на агенцијата, Зоран Стрезовски вели дека досега испратиле понуди до туристичките агенции во соседните земји за дочек на новата
Секој оној туроператор кој ќе донесе странски туристи во нашата земја ќе има право да рефундирање на дел од средствата, се со цел нашиот туристички производ да биде поконкурентен на таргетираниот пазар