Тешко е да се прогнозира дали и како ќе се одрази буџетската криза во Грција врз Македонија. Од една страна, поради кризата може да се намалат странските инвестиции што доаѓаат од Грција, поради тоа што веројатно тамошната влада ќе испумпува пари од бизнисот за да ја попални буџетската дупка. Но од друга страна, ако владата премногу ги оптовари фирмите, тие може да бараат алтернативни локации за инвестирање.

Ова е генералниот заклучок што може да се изведе од разговорите со домашните економисти и владини претставници.
Економистот Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економија вели дека, се уште, не е јасно колку е длабока и каков исход ќе има кризата во Грција. Ако Грција почне да закрепнува, не би требало да има тешки последици за грчките инвестиции во Македонија, вели тој.
,,Ако работата тргне кон лошо, тогаш сигурно ќе има проблеми околу грчките банки во земјите во кои имаат значителни присуства. За Македонија посебно, бидејќи Националната банка на Грција е главна банка во Македонија во лицето на Стопанска банка. И тоа може да биде проблем“.
Дел од фирмите во грчка сопственост со кои контактиравме одбиваат да коментираат на темата. Тие велат дека се македонски компании и дека не ги засега состојбата во соседните земји.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо вели дека е неблагодарно да се прогнозира дали и како може да се одрази моменталната економска криза во Грција на инвестициите што во Македонија доаѓаат од оваа земја. Тој, сепак, посочува дека во една развиена пазарна економија не треба да се изедначува состојбата во која се наоѓа државата со состојбата во приватниот сектор.
,,Голем дел од компаниите кои веќе функционираат во Македонија како грчки инвеститори илиидните потенцијални инвеститори се диверзифицирани компании кои не само што дејствуваат во регионот на Република Грција, Република Македонија, туку и пошироко. Така што таа диверзификација кај приватниот бизнис технички не би требало да се поврзува со состојбата во која се наоѓа Грција од буџетска гледна точка“
Грција е најголемиот странски инвеститор во Македонија. Во рацете на грчки газди, целосно или делумно, се некои од најголемите македонски компании како Скопската Пивара, Цементарница Усје, Стопанска банка и Рафинерија Окта.
Ако работите тргнат кон лошо, тогаш сигурно ќе има проблеми со грчките банки во соседните земји, а Националната банка на Грција е сопственик на Стопанска банка
Ова е генералниот заклучок што може да се изведе од разговорите со домашните економисти и владини претставници.
Економистот Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економија вели дека, се уште, не е јасно колку е длабока и каков исход ќе има кризата во Грција. Ако Грција почне да закрепнува, не би требало да има тешки последици за грчките инвестиции во Македонија, вели тој.
,,Ако работата тргне кон лошо, тогаш сигурно ќе има проблеми околу грчките банки во земјите во кои имаат значителни присуства. За Македонија посебно, бидејќи Националната банка на Грција е главна банка во Македонија во лицето на Стопанска банка. И тоа може да биде проблем“.
Дел од фирмите во грчка сопственост со кои контактиравме одбиваат да коментираат на темата. Тие велат дека се македонски компании и дека не ги засега состојбата во соседните земји.
Грчките компании во Македонија се диверзифицирани и не треба да се поврзуваат со буџетската криза