Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун предупреди дека светот е на крстосница меѓу одржлива иднина и уништување. На последната прес конференција во Њујорк, во оваа година, Бан Ки Мун уапти апел до учесницита на конференцијата за климатските промени во Копенхаген да постигнат договор за намалување на емисијата на штетни гасови. Тој изрази надеж дека ќе има стабилизација на ситуацијата во Авганистан во наредната година.
Бан Ки Мун ги повика лидерите кои учествуваат на конференцијата во Копнехаген да не ја испуштаат оваа можност за конкретен прогрес во врска со климатските промени.
“Ретко во историјата изборот е толку јасен. Можеме да се движиме кон иднина на одржлив зелен развој или можеме да продолжиме по патот на уништување. Можеме да дејствуваме сега или да им го оставиме тоа на нашите деца, но тогаш ќе биде предоцна”.
Бан Ки Мун оцени дека посветеноста на индустриските земји, како и на оние во развој, му даваат надеж дека климатскиот самит ќе заврши со успех. Тој ги отфрли тезите на скептиците во врска со климатските промени и нивните тврдења дека нема директна врска меѓу човековите активности и покачувањето на температурите.
“Тие грешат. Науката е јасна. Климатските промени се реални, а ние сме примарните предизвикувачи, па наша обврска е да дејствуваме. Со природата не може да се преговара”.
Инаку, генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун се осврна и на одлуката на американскиот претседател Барак Обама за испраќање дополнителни 30 илјади војници во Авганистан, нагласувајки дека Обединетите Нации ја поздравуваат таа стратегија.
“Обединетите Нации ќе продолжат да играат важна улога во помагањето на Авганистан во неговиот социо-економски развој и во процесот на демократизација”.
Бан Ки Мун додаде дека за Обединетите Нации приоритет во Авганистан ќе биде да им се помогне на околу 5 милиони авганистански бегалци, кои скаат да се вратат дома, а сега живеат во Иран и во Пакистан. УНХЦР најави дека во наредната година во Авганистан ќе изгради околу 10 илјади домови, наменети за враќање на бегалците.
Кина денеска ги обвини равиените земји дека не ги исполнуваат нивните обврски во врска со климатските промени и предупреди дека преговорите во Копенхаген влегуваат во критична фаза. Инаку, конференцијата во Копенхаген кулминира кон крајот на неделава кога таму ќе пристигнат околу 120 лидери на држави или влади.

Науката е јасна. Климатските промени се реални, а ние сме примарните предизвикувачи, па наша обврска е да дејствуваме. Со природата не може да се преговара