Помалку туристи во Охрид за Нова година?

Охрид

Охрид веќе е украсен во новогодишен амбиент. Сепак, според туристичките работници поради укинувањето на Шенген визите се очекуваат помалку гости од лани.
За Новогодишните празници во Охрид има помалу најави за доаѓање на странски и домашни гости од минатите години, кога овде Новата Година ја чекаа по 20 илјади туристи. Откажувања на резервациите има кај Бугарите и Србите, што главно се должи на укинување на
Хотелиерите ако ја знаат каква е ситуацијата, треба нагло да ги спуштат своите цени. Како што авио компаниите ги спуштаат цените и летаат за Европски дестинации за 30 евра, зошто да не се намалат цените и во хотелите...
Шенген визите за Европа за граѓаните од Македонија, Србија и Црна Гора, отворањето на евтини авио линии за Европските метрополи, слабата поврзаност на Охридскиот аеродром со светот, економската криза и високите цени, но и немањето на туристичка маргетинг стратегија. Сепак градот веќе свети во ногодишен амбиент и атрактивно украсен се подготвува да ги угости сите што Новата 2010 ќе ја дочекаат во Охрид. Градоначалник Александар Петрески апелира до сите чинители на туризмот итно да преземат мерки за привлекување на што поголем број гости.

„Хотелиерите ако ја знаат каква е ситуацијата, треба нагло да ги спуштат своите цени. Како што авио компаниите ги спуштаат цените и летаат за Европски дестинации за 30 евра, зошто да не се намалат цените и во хотелите. Истото треба да го направат и газдите на рестораните“

вели Охридскиот градоначалник Петрески.

„За Новогодишните празници хотел Милениум Палас е веќе 95 проценти веќе исполнет.За жал групите од Бугарија кои беа најавени ни откажаа,но на време. А гостите кои ќе дојдат, претежно ќе бидат од Србија, нашиот северен сосед,имаме дел Македонски гости и како секоја година традиционално Шпанско-Македонските гости ни доаѓаат повторно“
До десетти декември минатата година 70 проценти од хотелските капацитети беа резервирани и уплатени, а годинава е катастрофална состојбата, немаме ниту 10 проценти од капацитети со резервации и уплати. А за се што беше најавено и непотврдено со уплата, има откажувања големи

вели Слаѓана Столевска од хотелскиот сектор, каде најмногу се чувствува послабиот интерес за доаѓање на гостите од соседните земји, додека во приватното сместување, рестораните,кафулињата и ноќните клубови ситуацијата е нешто подобра.

„Капацитетите во овој дел на градот се полни, се работи за традиционални гости, 50 проценти од резервациите се од истите гости од лани или од нивни пријатели по препорака. Тоа значи дека сме се покажале како добри домаќини, се надевам дека и оваа година нема да се срамиме, пак ќе бидиме добри домаќини и ќе го претставиме Охрид како што треба“

вели Митко Пендов од угостителскиот сектор во стариот град. Новогодишните цени се на ланско ниво и тие се движат од 100 до 240 евра за тридневните аранжмани со свечениот дочек, кој пак се нуди од 20 до 60 евра.
Охридската чаршија

„До десетти декември минатата година 70 проценти од хотелските капацитети беа резервирани и уплатени, а годинава е катастрофална состојбата, немаме ниту 10 проценти од капацитети со резервации и уплати. А за се што беше најавено и непотврдено со уплата, има откажувања големи“

вели Дончо Танески, претседател на ХОТАМ. Инаку, и годинава општината организира дочек на Новата Година на отворено,на градскиот плоштад во Охрид, со забава и музика на познати естрадни звезди од земјава и регионот.