ЕУ проширувањето ќе продолжи

Шведскиот премиер Фредерик Рајнфилд со рубиковата коцка на ЕУ

Македонија заради спорот со Грција не доби датум за преговори за полноправно членство во ЕУ. Целиот процес е одложен за уште 6 месеци за време на шпанското преседавање со Унијата. И додека во Македонија има разочараност, огорченост, поради грчката блокада и се водат политички надмудрувања од Брисел пораки да се искористат следните 6 месеци за решавање спорот. Мајк Гејпс претседател на Комитетот за надворешна политика на Британскиот парламент за Радио Слободна Европа изрази надеж дека спорот меѓу Македонија и Грција која ја кочи македонската евроатланска интеграција ке биде многу брзо решен.

„Се надевам дека тој спор, мегу двете земји наскоро ке биде решен. Македонија треба да стане членка на Европската Унија и таа блокада од страна на Грција станува целосно бесмислена“.
Се надевам дека спорот ке биде решен. Македонија треба да стане членка на ЕУ

Министрите на ЕУ, како што е познато изрази загриженост поради развојот во Босна и Херцеговина и ги повикаа политичките лидери да ги забрзаат европските реформи со цел Босна да стане функционална држава. Од друга страна шефовите на дипломатиите на ЕУ решија да ја стават во сила преодната спогодба за трговија со Србија од 1 јануари 2010. Црна Гора е пофалена и Европскиот Совет го чека мислењето на ЕК за кандидатскиот статус на Подгорица. За Хрватска пак е решено да започнат подготовките за пристапниот договор за нејзино полноправно членство во ЕУ. Проценките се дека Хрватска ке стане членка во 2012. Другите Балкански држави стравуваат дека ке останат надвор од поцесот. Мајк Гејпс од Британскиот парламент смета дека тоа нема да се случи и оти проширувањето на ЕУ ке продолжи.
Претседателот и шефот на дипломатијата на ЕУ - Ромпуј и Ештон

„Јас многу силно го подржувам тој став. Мислам дека мораме да обезбедиме сите земји од просторот на бивша Југославија, како и Албанија, во догледно време да станат членки на Европската Унија“.

Инаку, самитот на ЕУ е последниот по стариот систем. Првите 6 години од идната година ке преседава Шпанија, но тоа, велат ке биде по еластично, бидејки со стапувањето во сила на Лисабонскиот договор Унијата ке ја водат Претседателот и шефот на дипломатијата.