Обама ја прими Нобеловата награда

Обама - Нобелова награда за мир, Осло 10.12.09

Нобеловиот Комитет на Обама му ја додели наградата за огромните напори за засилување на меѓународната дипломатија и соработка меѓу луѓето, како и поради неговата кампања за нуклеарно разоружување. На денешната церемонија во Осло, претседателот на Нобеловиот комитет Тјорнборн Јагланд изјави:

“Прашањето всушност беше едноставно: Кој направи најмногу за мирот во светот во изминатата година? И одговорот беше лесен – Барак Обама. Само ретки личности доминираат во меѓународната политика и иницираат толку многу промени како Обама”.

Во обраќањето на церемонијата, американскиот претседател Барак Обама нагласи дека за траен мир се потребни човекови права и економски можности за сите, но и санкции против режимите кои ги кршат меѓународните права, како на пример против Иран и Северна Кореја, поради нуклеарните програми, како и против Бурма и Дарфур, поради кршењето на човековите права. Тој оцени дека војната некогаш е неопходна и оти мирот е остварлив.

“Се соочувам со светот каков што е, и не можам да бидам рамнодушен кон заканите за американскиот народ. За да нема забуна, - злото постои во светот. Ненасилно движење не можеше да го запре Хитлер, преговори нема да ги убедат лидерите на Ал Каеда да го положат оружјето. Да се каже дека некогаш оружјето е неопходно, не е цинизам, тоа е признавање на историјата, на несовршеноста на луѓето”.

Претпладнето, потпишувајки се во книгата на гостите, Обама изјави:
Да се каже дека некогаш оружјето е неопходно, не е цинизам, тоа е признавање на историјата, на несовршеноста на луѓето.


„Кога Доктор Мартин Лутер Кинг ја доби Нобеловата награда тоа имаше голем ефект во светот а во САД му овозможи да биде по ефективен. Тоа е значењето на Нобеловиот Комитет и јас сум многу благодарен за тоа“.

Инаку, Нобеловата награда за мир Барак Обама ја доби како врховниот командант на армијата која војува во Ирак и во Авганистан.

„Тој е претседател во војна, но тој изјави дека сака да ги заврши двете војни. Тоа е важно за Нобеловиот комитет“.

Изјави Бенте Ериксен директор на Комитетот за мир во Осло.
За некои граѓани на Норвешка наградата е заслужена за некои не е заслужена.

„Јас мислам дека е во ред, бидејки тој преставува активна улога на наградата која се обидува да влијае врз развојот“.

Изјави бизнисменот Терје Јохансон. Други граѓани на Осло имаат спртивно мислење.

„Мислам дека не ја заслужува бидејки се уште не ја заработил. Засега тој не направи многу. Тој испрати луѓе во Авганистан и Ирак и не мислам дека ја заслужи наградата“.

Портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс изјави дека Обама разбира оти не припаѓа на групата нобеловци од типот на Мајка Тереза и Нелсон Мандела.