Мал бизнис - изработка сувенири

Сувенири

Безработицата натера многу правници, архитекти, професори да „бараат парче леб“ преку изработка на оригинални македонски сувенири. Велат, пари за живот има.
Правник ткае облека со етно мотиви, архитект дизајнира стаклени садови, професорка по странски јазици рачно изработува модни додатоци од природни материјали, пензионерка слободното време го поминува во плетење капи , ракавици и шалови. Вака овие луѓе
Останавме без работа. Без вина виновни. Не сакавме да се јавуваме во биро за вработување и да чекаме било каква помош од државата која е мизерна. Бидејќи истражувавме првин што е потребно во Македонија и видовме дека треба да постои македонски сувенир, па почнавме со изработка.
најдоа начин да зарботуваат од својата кретивност. Велат не се жалат , секоја година заработуваа се повеќе .и повеќе. Нивните производи ги купуваат најмногу странци , кои сакаат да си земат нешто за спомен од своето патување. Гордана Митровска од своето хоби направила бизнис.

„Останавме без работа. Без вина виновни. Не сакавме да се јавуваме во биро за вработување и да чекаме било каква помош од државата која е мизерна. Бидејќи истражувавме првин што е потребно во Македонија и видовме дека треба да постои македонски сувенир, па почнавме со изработка.“

Овие занаетчии велат дека својата уметност ја презентираат кој како ќе се снајде.Архитектот Дејан Алексов рачно изработува стаклени садови. Тој вели дека најдобра реклама е од човек на човек, но секогаш е присутен на саеми , на базари. Од својот занает вели заработува доволно за живот.

„Времињата се малку лоши во последно време инаку може да се живее. Има луѓе кои го ценат тоа што го работиме. Не е ова обично стакло, па и цените се малку поинакви од обичните стакла кои се наоѓаат секаде.“

Фуере три години по ред купува капа

Станка Димитрова одкако е вопензија плете капи за да си го пополни слободното време.Она што го плете во текот на целата година го продава на фестивалот на занаетчии преку проектот „ Made in Macedonia“.

„Имам нови муштерии имам и стари кои се враќаат купуваат. Знаат дека се уникатни, сама ги креирам и квалитетна волница користам. Фуере на пример, три години по ред купува капа.“
Има луѓе кои го ценат тоа што го работиме. Не е ова обично стакло, па и цените се малку поинакви од обичните стакла кои се наоѓаат секаде


Со проектот „ made in Macedonia “ се презентираат занаетчии кои рачно изработуваат производи. Весна Абрамовска од организацијата „ МАТА “ вели дека е тешко со малку пари организираат презентации затоа што институциите немаат доволно слух.

„Заслужуваат да бидат изложени на поубаво место отколку пазарски тезги.“

Оваа година организацијата „ МАТА има цел да ги поврзе занетчиите кои имаат искуство со младите дизајнери а догодина планираат да вкучат и моден дизајн. А дел од плановите им се да се презентираат и во странство.