Во конкуренција од над 300 градови учесници на светскиот туристички саем во Лугано, Битола ја доби наградата за најавангардна дестинација. Битола е град со визија и значајно минато
Во конкуренција од над 300 градови низ светот учесници на светскиот туристички саем во Лугано, Швајцараија, Битола ја доби наградата за најавангардна дестинација. Заслугата лежи во обидите на локалната самоуправа да создаде поволна атмосфера за развој на туризмот и изработка на материјали за промоција на културно-историските и природни богатства на градот. Ирена Ружин, престседател на Туристичкиот информативен центар од Битола, нагласува дека наградата и обезбеди на градот место на светската туристичка мапа.
,,Град со визија и значајно минато. Секоја од дестинациите што е наградена има посебнен третман во светот. Таа дестинација е претставена во списание во 300 000 примероци. Во него има цела страна за Битола и пишува дека е заводлив град. Имаме место на светски познатите страни за патување, значи стануваме препознатлива туристичка дестинација”- вели Ружин.
Како придобивка од учеството на саемот во Лугано се и договорите што туристичката заедница ги потпишала со туроператори од странство за посета на Битола. На саемот имало над 66 000 посетители.
,,Важна е големата публика која се интересира за патување, која го користи овој саем за да одлучи каде ќе патува. Ова е саем на купување и продавање, ние бевме продавачи на сопствената дестинација и преку 500 акредитирани купувачи кои го плаќаат времето за да поразговараат со вас и да видат што ги интересира”- вели Марија Герас, учесник на саемот.
Хераклеја и Пелистер предизвикале најголемо внимание од богатата понуда изложена на битолскиот штанд.
,,Општина Битола имаше штанд од 18 метри квадратни со сопствена оригинална композиција. Мислиме дека ја опфативме целата понуда на Битола и битолскиот регион преку композиција од 12 посери од по 2,90 метри. Зборуваа за различни приказни и работи кои туристите можат да ги прават тука. Сето ова надополнето со брошурки како соодветен пропаганден материјал, двд филмови „Битола, бабам Битола“, како видео разгледница која зборува за културното и природното богатство што Битола го има и двд-то „Филмленд“- вели туризмологот Елена Петревска.
Туристичките работници признаваат дека во градот најчесто има транзит туристи кои остануваат по еден до два дена. Нивните обиди се насочени кон оддолжување на нивниот престој и донесување на што повеќе нови посетители.

Имаме место на светски познатите страни за патување, стануваме препознатлива дестинација