Според некои аналитичари, зголемената цена на струјата ќе влијае на побарувачката и цените на другите добра, затоа што граѓаните ќе бидат принудени да штедат
Зголемената цена на енергенсите во земјава ќе ги продолжи дефлаторните трендови во економијата, сметаат дел од експертите. Граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за струја и парно бидејќи енергетскиот сектор е монопол и немаат друг избор, објаснува економскиот аналитичар Ден Дончев
„Така што ќе бидат принудени да ја плаќаат цената за која ќе одлучат владата и владините институции. Тоа зголемување не може никако да биде оправдано.“
Поскапата струја и парно греење нема да создадат инфлација бидејки граѓаните ќе бидат приморани уште повеќе да го намалат трошењето, додава Дончев.
„Бидејќи граѓаните ќе бидат принудени да скратат уште повеќе од другите расходи, со цел да ја покријат зголемената цена за струја и парно, што значи дека ќе има притисок врз цените на другите добра кон намалување на цените, што практично може да придонесе до ситуација да има цени кои паѓаат и ниска стапка на раст.“
Повисоките цени на енергенсите негативно ќе се одразат на потрошувачите, што ќе придонесе кон продлабочување на дефлацијата вели професорот Тихомир Јовановски
„Во секој случај е негативен потег за оние кои ги користат енергенси, а позитивен за тие што ги продаваат.“
Поскапите енергенси може да се компенизираат со зголемување на извозот, додава Јовановски
„Македонија е голем увозник на енергенси и ќе има доста влијание врз покачувањето на вредноста на увозот и при ист извоз ќе има зголемување на дефицитот на плаќање, а тоа може да се намали со зголемување на извозот, што е тешко.“
Според податоците на Државниот завод за статистика за годинава дефлацијата се проценува на 2,4 проценти заклучно со месец ноември. Од друга страна, во 2008 година се бележеше просечна инфлација од 8,3 отсто.
Така што ќе бидат принудени да ја плаќаат цената за која ќе одлучат владата и владините институции. Тоа зголемување не може никако да биде оправдано.
„Така што ќе бидат принудени да ја плаќаат цената за која ќе одлучат владата и владините институции. Тоа зголемување не може никако да биде оправдано.“
Поскапата струја и парно греење нема да создадат инфлација бидејки граѓаните ќе бидат приморани уште повеќе да го намалат трошењето, додава Дончев.
„Бидејќи граѓаните ќе бидат принудени да скратат уште повеќе од другите расходи, со цел да ја покријат зголемената цена за струја и парно, што значи дека ќе има притисок врз цените на другите добра кон намалување на цените, што практично може да придонесе до ситуација да има цени кои паѓаат и ниска стапка на раст.“
Повисоките цени на енергенсите негативно ќе се одразат на потрошувачите, што ќе придонесе кон продлабочување на дефлацијата вели професорот Тихомир Јовановски
Во секој случај е негативен потег за оние кои ги користат енергенси, а позитивен за тие што ги продаваат