Албанските политичари и аналитичари од Косово позитивно го оценија претставувањето на Косово, пред меѓународниот суд за правда во Хаг, околу легалноста на прогласувањето на независнот на Косово, пишува Коха диторе, дневен весник во Приштина. Косовскиот министер Арсим Бајрами соопшти дека до сега сите изнесени аргументи се во корист на Косово и дека независноста е во потоплен склад со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност при Обединетите нации.