Во киното Фросина во Младинскиот културен центар во Скопје, премиерно ќе биде прикажан документарецот Волшебниот рид работен според сценариот и режија на Петар Џуровски.
Волшебниот рид е документарен филм, кој преку виртуелно патување низ времето ја раскажува приказната за исконскиот град Охрид и локалитетот Плаошник. Археолошките истражувања на тој простор покажуваат дека Охрид бил вековна крстосница на разни култури и народи. Спојувањето на разните цивилизации и религии од сите периоди, почнувајќи од предисторијата, па преку античкиот и ранохристијанскиот период, се до османлиското време, условиле создавање на една духовна вертикала која има поврзаност во поимот светост. Заради тоа, овој простор се смета за историско космополитски простор кој духовно ги поврзува цивилизациите и религиите. Посебно внимание во филмот е посветено на дејноста на македонскиот светител и просветител св. Климент, неговата црква и манастир, како и формирањето на првиот и најстариот словенски универзитет, од каде се раширила писменоста и христијанството во целиот словенски свет.
,,Јас чувствував потреба подобро да го запознаат тоа место и визуелно да го пренесам на генерациите кои што следат и кои понатаму ќе знаат што имало на ова парче земја.„
истакнува Петар Џуровски, автор на сценариото и режисер на овој документарен филм. Во реализацијата на Волшебниот рид како стручни соработници се јавуваат Мишко Тутковски и Паско Кузман, директор на фотографијата е Бранд Феро, тонската обработка на Грег Малкенги, извршен продуцент Игор Цветковски, а музиката во ја потпишува Дејан Спасовиќ.
,,Музиката за ,,Волшебниот рид„ ми беше предизвик бидејќи се работи за извонредна тема, а тоа е испреплетување на цивилизациите и традициите и некако сакав тие историски времиња да ги преставам преку некоја звучност, и тоа всушност беше најголем музички предизвик во овој проект.„
Филмот е финансиран од Филмскиот фонд на Македонија и продукцијата ЛАВИРИНТ, а неговите автори веруваат дека Волшебниот рид по премиерното прикажување ќе го започне својот од по специјализираните фестивали по светот.
Јас чувствував потреба подобро да го запознаат тоа место и визуелно да го пренесам на генерациите кои што следат и кои понатаму ќе знаат што имало на ова парче земја