Со премиерните изведби на дела од Димитрије Бужаровски, синоќа во Музеј на Град Скопје, започна третото издание на фестивалот Златна лира кое под покровителство на Министерството за култура го организира Сојузот на музичките уметници на Македонија.
Фестивалот Златна лира, проектот кој е израз на потребата на македонските уметници од сите генерации за побогат и континуиран концертен живот и афирмација на заложбите за промоција на македонските културни вредности, со новина за почетокот на третото издание. Во ВЕЧЕРТА НА СОНАТИ премиерно претставување на дела од композиторот и пијанистДимитрије Бужаровски со учество на Љубиша Кировски на виолина и виола, Нинослав Димов на саксафон и Петруш Петрушевски на контрабас.
,,Ќе изведат премиерно три сонати кои што се пишувани во различни стилови, но пред се доминира влијанието на фолклорот, музликата на 20 век, џезот, итн. Се надевам дека ова е импулс за сите наши творци да го промовираат овој вид на музика.„
вели м-р Тодор Светиев, претседател на Сојузот на музичките уметници на Македонија. На третото актуелно издание на манифестацијата ќе ги проследиме и концертите на виолинистката Евгенија – Марија Попова која во пијано придружба на Вања Пешева од Република Бугарија ќе изведе дела од Стравински, Изаи и Франк, а во четврток следува настапот на сопранистката Славица Петровска Галиќ, добитничка на наградата Златна лира за животно дело во 2008 година, која во придружба на Јасминка Чакар ќе исполни дела од Форе, Брамс, Шуберт, Скаловски и Цанев. Саботата е резервирана за Весна Гиновска Илкова, исто така добитничка на наградата но за едногодишно остварување во текот на минатата година, која со пијано придружба на Кристина Светиева ќе пее оперски арии од Дворжак, Моцарт, Рахмањинов, Чајковски и Верди, а фестивалот го затвора концертот на пијанистичкото дуо Марија Ѓошевска и Елена Атанасовска – Ивановска што ќе се одржи во вторник на 8 декември, од 20 часот, во салата на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Говорејќи за растот на Златна лира како фестивал кој од година во година се наметнува како релевантна манифестација во нашето концертно живеење, професорот Светиев со дополна:
,,Овој фестивал е веќе етаблиран во нашата култура музичка средина, зазеде свое место кое се надеваме дека ќе продолжи и понатаму да претставува една позитивна традиција во нашата музичка култура.„
Овој фестивал е веќе етаблиран во нашата култура музичка средина, зазеде свое место кое се надеваме дека ќе продолжи и понатаму да претставува една позитивна традиција во нашата музичка култура