Проблеми со сметот во Дебар

Смет

Дебар има големи проблеми со јавната хигиена. И покрај тоа што јавното комунално претпријатие го чисти градот, несовесни граѓани и фирми, сметот го фрлаат каде што ќе стигнат.
Дебар во последно време има големи проблеми со јавната хигиена. И покрај тоа што јавното комунално претпријатие ги реализира своите активности за чистење на градот, несовесни граѓани и фирми, сметот го фрлаат каде што ќе стигнат, не штедејќи го и централното градско подрачје. Повеќето институции го обвинуваат Комуналниот инспектор, но и судот за неспроведување на законот за јавна чистота. Арсим Кобеци инспектор во Полициската станица во Дебар вели дека оваа станица има поднесено барања за
Во центарот на градот малите претпријатија, фирми и занаетчии, фрлаат смет насекаде и воопшто не сум задоволен од Комуналниот инспектор. Исто така не сум задоволен и од полицијата бидејќи во Дебар не преземаат никакви активности за да го спроведат законот за јавна чистота, односно членот 31
прекршочни пријави до судот, но до сега тие не се реализирани.

,,Оваа година до сега се поднесени вкупно 133 барања за поведување на прекршочна постапка, од Дебар се поднесени 96, за Центар Жупа, станица Папрадник 24 и 13 барања се поднесени од Сообраќајната полиција.„

Директорот на ЈКП,, Стандард,, Мазлум Леши за лошата состојба со градската хигиена ги обвинува институциите кои се надлежни за примена на Законот.

,,Во центарот на градот малите претпријатија, фирми и занаетчии, фрлаат смет насекаде и воопшто не сум задоволен од Комуналниот инспектор. Исто така не сум задоволен и од полицијата бидејќи во Дебар не преземаат никакви активности за да го спроведат законот за јавна чистота, односно членот 31.„

Во однос на активностите на јавното претпријатие, Леши нагласува дека граѓаните се задоволни од работата на претпријатието. Но, додава тој, за да се одржи чист градот мора да се примени Законот, а него треба да го реализираат надлежните институции. Невладините организации во последно време имаат организирано бројни активности за надминување на оваа состојба. Тие спроведуваат и проекти за зголемување на свеста на граѓаните за одржување на чистотата, но воедно најавуваат и дополнителни активности.

,,Сите сме сведоци дека чистотата во градот е на ниско ниво. Сметаме дека со заедничко ангажирање на службите, институциите И претпријатието за јавна чистота треба да се преземаат активности. Ние како невладин сектор влијаеме врз свеста на луѓето со цел да се подобри хигиената. Ние сме во контакт со граѓаните И ги испитуваме нивните потреби. Жално е Дебар да се гледа во една ваква состојба. Насекаде има смет.„

вели Фадрија Мустафоска. Таа додава дека невладиниот скетор ќе продолжи со проекти за да се подобри состојбата . Локалните власти, пред се градоначалникот и Советот на општината побараа од инспекциските служби ригорозни мерки и спроведување на законот за јавна чистота .