Кумановци се подготвуваат за работа во странство

Шенген виза

Кумановци во визната либерализација гледаат можност за излез од сиромаштијата и безработицата.
Најавената визна либерализација и можноста граѓаните послободно да патуваат надвор од границите на нашата земја, кумановци ја гледаат со голем оптимизам. Предвидените ограничувања и исполнување на одредени услови за повеќето граѓани како ништо да не
Овдека помалку има работа. Таму преку пријатели ќе се снајдеме, ќе поработиме некоја година и ќе биде подобро за нас
значат. Тие сметаат дека преку нивните роднини и пријатели кои живеат во другите земји ќе си овозможат вработување, заработувачка, а воедно и спас од безработицата и сиромаштијата. Нивните изјави се чини повеќе укажуваат на еуфоријата предизвикана од недоволната информираност за визната либерализација.

,,Дали треба да имаме биометриски пасоши, пари, или резервирани хотели, не знам како е, ама ќе патуваме."
,,Овдека помалку има работа. Таму преку пријатели ќе се снајдеме, ќе поработиме некоја година и ќе биде подобро за нас."
,,Мислам дека за младите ќе биде перспективен период. Отворени граници,работа."
,,Можеби да. Поголем просперитет ќе биде за младите. Тука нема работа. Имаме роднини во странство и за детето ќе биде подобра егзистенција."

За ограничувањата запрашаните кумановци велат:

,,Мислам дека не е во ред ,ама што кажат тоа ќе правиме."
,,Нешто ќе има. Ама се надевам дека нема да има толку ограничувања."

Оние што веќе живеат надвор од Македонија со коментар:

,,Имам двојно државјанство, холандско и македонско. Овде е подобро."
,,Јас веќе искористив. Мислам дека е добро за младите. Јас живеам во Швајцарија."
,,Слушнавме дека во Цирих се плашат луѓето дека ќе имаме многу гости. За некои се радуваме, за некои се плашиме, дали ќе можеме да ги сместиме."

Дали тоа според нив значи дека граѓаните на Македонија ќе ги зафати бран на масовно заминување во другите земји:

,,Да."

Отворените граници за граѓаните на Куманово кои повеќе од една деценија се соочуваат со егзистенцијални проблеми поради колапсот во економијата и стопанството претставува голема шанса барем да се обидат да побараат работа во странство. Особено што некогашниот индустриски град се повеќе прераснува во печалбарски, па во потрага по работа кумановци заминуваат секаде каде што за тоа ќе им се укаже можноста. Од таму и разбирливо е што биометрискиот пасош го фетишизираат,а во визната либерализација гледаат како на отворена врата кон подобар живот.