Италијанскиот премиер Силвио Берлускони во понеделник (30.11.09) ќе ја посети Белорусија со што ќе биде прв западен премиер кој патува во таа земја по повеќегодишната изолација. Аналитичарите оценуваат де посетата на Берлускони всушност е испитување на можностите за подобрување на односите на Европската Унија со Белорусија.
Со години за лидерите на Западот, посета на Белорусија беше табу, а Европската Унија постојано го критикува Минск за репресии спрема опозицијата и за недемократски избори со кои претседателот Александар Лукашенко останува на власт. Според официјалното образложение, Берлускони оди во возвратна посета на Белорусија, бидејки Лукашенко беше во Рим во април годинава. Брисел воведе санкции против некои официјални претставници на Белорусија, но во последните три години, повеќето од нив се симнати од црната листа, меѓу кои и претседателот Лукашенко. Брисел во замена бара поголема демократизација во Белорусија. Во тој контекст, според некои аналитичари, треба да се гледа и на посетата на Берлускони. Жан Пјер Дарнис од Институтот за меѓународни односи во Рим, оценува дека Италија има долга надворешно политичка традиција на земја која ги испитува односите со проблематични земји.
“Посетата на Берлускони на Минск на некој начин е илустрација за традиционалниот тренд на италијанската надворешна политика. Италија е сојузник на Соединетите Држави, членка на НАТО и на Европската Унија, но надвор од тие рамки често наоѓа простор за акција. Пример се односите на Италија со Либија”.
Бизнисот пред политиката
Дарнис објаснува дека тоа е мотивирано од италијанската желба за истражување на биснис можностите, па дури и во проблематични земји. Според дописникот на Радио Слободна Европа од Минск, Јан Максимјук, Берлускони е еден од политичарите кои со својата екстравагантност може да превземе ризици, кои внимателните лидери би ги избегнале.
“Берлускони е најсоодветен политичар за посета на Лукашенко, бидејки, доколку не се случи ништо позитивно, тогаш сите во Брисел ќе речат па тоа е Берлускони, ние не сме одговорни за неговите постапки”.
Во последно време претседателот на Белорудија Александар Лукашенко испраќа сигнали дека сака подобри односи со Западот. Белорусија нема значајни природни ресурси, но е важна транзитна земја за рускиот гас кон Европа. Има и голема воена индустрија на која и е потребна Западна технологија и модернизација за да биде конкурентна на светскиот пазар. Берлуксони, кој е медиумски магнат, има блиски врски со државната енергетска компанија ЕНИ, како и со коангломератот за оружје Финмеканика.