Поради огромниот интерес Кармина Бурана од Карл Орф, како проект на ансамблите на Македонската опера и балет, деновиве го доби предзнакот хит претстава. Билетите се веќе распродадени.
Наспроти скептицизмот кај проследувачите на културните случувања во земјава пројавен по премиерната изведба на новата поставка Кармина Бурана од Карл Орф на сцената на Македонската опера и балет, деновиве кај љубителите на ваквите музичко-сценски дела владее вистинска потрага за карта повеќе да се погледне овој проект на обата ансамбли на нашата национална институција. И, она што притоа е интересно е дека покрај редовните изведби се закажуваат и вонредни, а се продадоа и билетите за генералната проба.
,,Веќе имаме една друга димензија која што раскажува приказна, која што е поинтересна за обичните љубители и на балетската и на оперската уметност. Претставата знаете дека е доста кратка еден час и толку брзо поминува за гледачите што им остава впечаток од секаков вид, и уметнички, и стилски, и пеачки. Така што успехот е навистина голем и беше неминовен со оваа промена што ја направивме во Македонскиот балет."
вели Киро Павлов, директор на Македонскиот балет.
И, колку за потсетување кореографијата и либретото за ова читање на славното дело на Орф се на познатиот Кан Аслан од Турција кој овде работеше со својот асистент Португалката Ана Лусија Фереира , сценографијата е на Миодраг Табачки од соседна Србија, а костимите ги направија Елена Дончева и Гизем Бетил.
Под диригентската палка на Бисера Чадловска, настапуваат првенците на балетскиот ансамбл Александра Мијалкова, Мирјана ПопАлексова, Ивана Коцевска, Бобан Ковачевски и Дмитро Чеботар од Украина, како оперски солисти ќе ги чуеме сопранистката Славица Галиќ Петровска, баритонот Горан Начевски и тенорот Дејан Стоев, а во оваа хит претстава учествува оркестарот и комплетниот оперско-балетски ансамбл на МОБ.
Инаку, овој успех на претставата е резултат на мошне агилната меѓународна соработка на нашата национална институција со уметниците од странство, а Павлов откако ќе потсети дека првенците на македонскиот балет од неодамна ги има на страниците на престижниот европски Танц магазин, за натамошните планови со дополна:
,,Македонскиот балет беше прогласен како најдобра трупа на Балканот, како ансамбл, добивме соработка со Франција, Германија и Македонија за еден нов проект кој што премиерно ќе биде изведен во Скопје во нашиот театар, репризата ќе биде во Франција, а третата претстава ќе биде во Германија. Тоа ќе биде копродукција која што ќе биде некаде околу 70-80% финансиран од европски средства. Проектот ќе биде во 2010 година, станува збор за неокласична, модерна трупа, односно ќе има различна кореографија од трите земји. Од Македонија ќе биде Саша Ефтимова."
Претставата знаете дека е доста кратка еден час и толку брзо поминува за гледачите што им остава впечаток од секаков вид, и уметнички, и стилски, и пеачки
,,Веќе имаме една друга димензија која што раскажува приказна, која што е поинтересна за обичните љубители и на балетската и на оперската уметност. Претставата знаете дека е доста кратка еден час и толку брзо поминува за гледачите што им остава впечаток од секаков вид, и уметнички, и стилски, и пеачки. Така што успехот е навистина голем и беше неминовен со оваа промена што ја направивме во Македонскиот балет."
вели Киро Павлов, директор на Македонскиот балет.
И, колку за потсетување кореографијата и либретото за ова читање на славното дело на Орф се на познатиот Кан Аслан од Турција кој овде работеше со својот асистент Португалката Ана Лусија Фереира , сценографијата е на Миодраг Табачки од соседна Србија, а костимите ги направија Елена Дончева и Гизем Бетил.
Под диригентската палка на Бисера Чадловска, настапуваат првенците на балетскиот ансамбл Александра Мијалкова, Мирјана Поп
Македонскиот балет беше прогласен како најдобра трупа на Балканот, како ансамбл, добивме соработка со Франција, Германија и Македонија за еден нов проект кој што премиерно ќе биде изведен во Скопје