Секој трет Македонец со платежна картичка

Во Македонија се издадени околу 300 илјади кредитни картички, а околу пет проценти од задолжените доцнат со плаќање.
Секој трет Македонец има платежна картичка, покажуваат официјалните податоци на Народната банка на Македонија. Во земјава во август годинава се регистрирани над 600.000 платежни картички од кои половина се дебитни. Користењето на платежни картички во
Во поглед на картичките освен што имам приговори дека бакоматите и покрај тоа што треба да се 24 часа достапни не се, или нема пари или се расипани, па потрошувачите треба да шетаат од едно на друго место
јавноста се актуелиозираше минатата година, со воведувањето на трансакциските сметки. Запрашани дали електронското плаќање ги исполнило очекувањата, анкетираните граѓани со различни мислења. Некои велат дека повеќе преферираат готовина, други се сомневаат во безбедноста на електронското плаќање, а трети пак се жалат на високите каматни стапки на кредитните картички

„Не, не користам.“
„Не бре, не работам, јас сум пензионер со платежни картички.“
„Слушам дека се небезбедни“
„Користам кредитна картичка, но каматите се превисоки.“

Од организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека има поплаки за платежните картички. Правниот советник на организацијата Тања Тасева вели дека најмногу поплаки има за банкоматите
Како тоа се стекнуваше, некаде околу 2004 година, 2005 година, веќе се стабилизираа параметрите и од тогаш до денеска бележиме сериозна култура на користење на кредитни картички и задолженост која е помала отколку било каде во редионот

„Во поглед на картичките освен што имам приговори дека бакоматите и покрај тоа што треба да се 24 часа достапни не се, или нема пари или се расипани, па потрошувачите треба да шетаат од едно на друго место.“

Според официјални податоци во земјава се издадени повеќе од 150.000 кредитни картички. Од воведувањето на овие платежни сретства, задолженоста на граѓаните преку кредитните картички била висока, но во последно време граѓаните се` помалку се задолжуваат преку пластика, вели Стојче Тасков, директор на компанијата за менаџирање на побарувања ЕОС Матрикс.

„Граѓаните не знаеја што е минимален износ, значи немаа ниту култура за плаќање. Како тоа се стекнуваше, некаде околу 2004 година, 2005 година, веќе се стабилизираа параметрите и од тогаш до денеска бележиме сериозна култура на користење на кредитни картички и задолженост која е помала отколку било каде во редионот.“

Задолжувањето е на ниско ниво бидејки Македонците се одговорни, смета Тасков

„Македонскиот граѓанин има висок морален кредибилитет. Значи, тој разбира дека влегол во кредитна обврска и покрај турбулентни времиња, губење работа, привремена спреченост, болест итн, сепак останува на таа обврска и таму каде што треба да се репрограмира можеби подоцна се извршува, но генерално се извршува.“

Инаку, според неофицијални податоци, околу пет проценти задолжените во Македонија доцнат со плаќање.