Ахамдинеџад во Венецуела

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад пристигна во Венецуела каде што беше пречекан од шефот на дипломатијата Николас Мадуро. Тој оцени дека двете земји развиле цврсти односи и покажале колку биле погрешни нападите што ги трпат од светската империја. Ахамдинеџад кој е на турнеја по Јужна Америка, во текот на денов треба да се сретне со претседателот на Венецуела Хуго Чавез.