Во близина на Бујановац, на југот на Србија, вчера свечено беше отворена најголемата воена база во регионот. Според државниот врв на Србија, оваа база е клучната гаранција за мирот и стабилноста во тој дел на Србија. Локалните албанци се против овој воено-полициски комплекс, оцнувајки како непотребен и заканувачки.
Претседателот на Србија, Борис Тадиќ, на свечената церемонија при отворањето на воената база изјави дека сите оние што сакаат мир, стабилност и добри меѓу-национални односи, би требало да бидат задоволни од овој потег, а незадоволни само оние што сакаат југот на Србија да биде криумчарски коридор и територија од која се шири организираниот криминал. Албанците од Јужна Србија не се согласуваат со ваквите оценки на српскиот државен врв и на армијата. Рагми Мустафа, градоначелник на Прешево, во изјавата за Радио Слободна Европа истакна:
Тоа е апсолутно непотребно бидејки овде веќе никој не мисли на оружени судири. Овде сега мислиме на влез во Европската Унија и зошто сега би ни била потребна изградбата на база за оружени судири.
На прашањето зошто мисли дека воената база кај Бујановац ќе биде употребувана за судири, а не за стабилизација на состојбата во јужна СРбија, Мустафа вели:
Па, како стабилизација со оружје. Стабилизација во Прешевската Долина може да се остварува со инвестиции и економски развој, со слободно движење на луѓето , а не со притисоци од војници и жандармерија.
Мустафа додава дека албанците и натаму не ја сметаат за своја војската на Србија. Воениот аналитичар Алаксандар Радиќ го поздравува отворањето на базата, со оценка дека тоа требало да биде сторено уште пред неколку години. Беше потребно долгорочно да биде зајакнато военото присуство на југот на Србија, вели Радиќ:
Сега конечно српската војска има погодно место, од гледиште на инфраструктурата, од каде што може да дејствува и превентивно и во случај на потребна интервенција.
Радиќ наведува дека е нормално што албанците се против воената база кај Бујановац, но додава дека припадници на армијата на Србија и досега беа присутни во Бујановац и оти сега е уште подобро бидејки се повлекуваат од градот и ќе бидат сместени во околината. Инаку, воено-полицискиот комплекс за кој станува збор е распространет на 35 хектари со 66 објекти. Во него ќе бидат сместени околу илјада војници и полицајци, како и специјална опрема и техника. Инаку, иницијативата за отворање ваква база на југот на Србија беше покрената во 2001-ва година, по окончувањето на судирите со Ослободителната војска на Прешево, Бујановац и Медвеѓа, а одлуката ја донесе во 2003-та година тогашната Сојузна Влада на Сојузна Република Југославија.

Како стабилизација со оружје. Стабилизација во Прешевската Долина може да се остварува со инвестиции и економски развој, со слободно движење на луѓето , а не со притисоци од војници и жандармерија....