Здружението на лица со посебни потреби од Куманово вели дека ќе продолжи со борбата за зголемување на правата за оваа категорија лица. Тие најавуваат покренување иницијатива за законски промени во делот на социјалната грижа.
Дневниот центар „Порака“ за корисниците над 18 годишна возраст со интелектуална попреченост, во кој за сега се сместени 20-ина лица од сите етнички заедници деновиве беше посетен и од советниците во Општинскиот совет во Куманово. Центарот е отворен со помош и разбирање на локалната самоуправа и градоначалникот Зоран Дамјановски, бидејќи со децентрализацијата овие лица не се опфатени со Законот. Претседателот на Советот Виктор Цветковски, заедно со претставниците на комисиите за социјална и здравствена заштита, за буџетот, за рамноправноста и еднаквоста, како и координаторите на советничките групи имаа можност да се запознаат со начинот на кој функционира центарот.
,,Ова е добра соработка со Дневниот центар „Порака“ и грижа за лицата со интелектуална попреченост. Советот ја продолжи соработката и ја интензивира со поддршка од сите служби на локално ниво."
Со оглед на потребите и проблемите со кои се соочува Центарот, Цветковски вели дека тие ќе се залагаат:
,,Можно е да покренеме иницијатива и за законски промени во делот за социјална грижа."
Благица Димитровска претседател на Здружението и родител на лице корисник на услугите во Дневниот центар вели дека се надева дека овие лица ќе бидат дел од програмата на локалната самоуправа и за идната година.
,,Ја известивме локалната смаоуправа и веројатно и новиот советнички состав ќе прифати да влеземе во програмата за 2010 година што ќе значи и подигање на јавната свест за оваа категорија лица."
Димитровска додава дека корисниците во Центарот се од мултиетнички состав, меѓутоа:
,,Најмалку се занимаваме со политиката, туку се бориме за остварување на правата на најзагрозената категорија граѓани."
Со лицата во Центарот работи стручен тим од социолози, психолози, педагози и дефектолози. Соседите во чија близина е сместен Центарот велат дека е добро што и овие лица се социјализираат, што порано не било случај и дека не и пречат на најблиската околина во која престојуваат пет денови во седмицата.
Можно е да покренеме иницијатива и за законски промени во делот за социјална грижа
,,Ова е добра соработка со Дневниот центар „Порака“ и грижа за лицата со интелектуална попреченост. Советот ја продолжи соработката и ја интензивира со поддршка од сите служби на локално ниво."
Со оглед на потребите и проблемите со кои се соочува Центарот, Цветковски вели дека тие ќе се залагаат:
,,Можно е да покренеме иницијатива и за законски промени во делот за социјална грижа."
Благица Димитровска претседател на Здружението и родител на лице корисник на услугите во Дневниот центар вели дека се надева дека овие лица ќе бидат дел од програмата на локалната самоуправа и за идната година.
Ја известивме локалната смаоуправа и веројатно и новиот советнички состав ќе прифати да влеземе во програмата за 2010 година што ќе значи и подигање на јавната свест за оваа категорија лица