Поради чести инциденти меѓу чешките војници во Косово, денеска е суспендиран командантот на контингентот, Јуржи Кивала, се додека не се истражи случајот на ранетиот чешки војник. Во војникот во саботата со огнено оружје пукал негов колега. И војникот кој пукал е исто така суспендиран. Чешката војска предизвика инциденти и во Авганистан, кога двајца војници закачиле на своите шлемови нацистички симболи, а неколу чешки војници кои биле на служба во Косово се вратени дома бидејќи користеле дрога и се опивале.