Мусави:Владата да запре со заплашувањата

Водачот на иранската опозиција Мирхосеин Мусави и порачал на Владата да престане да ги заплашува луѓето и да се обидува да им ги промени нивните политички ставови. Мусави на својата веб страница напишал дека заплашувањето неможе да ја запре опозицијата и напишал дека тој е подготвен да ја плати секоја цена за своите убедувања.. Неговите коментари доаѓаат во време кога Владата континуирано казнува десиденти кои учествуваа во немирите по изборите одржани на 12 јуни.