Секторот за внатрешни работи во Куманово воведе телефонска линија преку која граѓаните на Куманово, Липково и Старо Нагоричино ќе се пријавуваат за закажување термин за поднесување барање и фотографирање за биометриска лична карта.
Секторот за внатрешни работи во Куманово воведе телефонска линија преку која граѓаните на Куманово, Липково и Старо Нагоричино ќе се пријавуваат за закажување термин за поднесување барање и фотографирање за биометриска лична карта. Со тоа ќе се намалат редиците и турканиците кои кај граѓаните предизвикуваат нервоза, како и времето на чекање за вадење нов документ, со законска обврска до 27 февруари идната година. Од трите наведени општини во најголемиот Сектор за внатрешни работи во Куманово треба да бидат издадени околу 80 илјади нови лични карти. До сега се издадени околу 25 илјади. Љубомир Ѓурчески началник на СВР Куманово соопштува:
,,СВР Куманово воведе нова телефонска линија за аплицирање за нови лични карти. Бројот е 072 335 230, а линијата ќе биде отворена од 8 и 30 до 16 часот секој работен ден за аплицирање за нова лична карта. СВР Куманово како една од поголемите во државата ќе издаде 80 илјади лични карти, што е голем број и мислам дека успешно ќе го извршиме тоа. Затоа освен на два шалтера воведовме и базни станици и една подвижна базна станица за да се избегнат гужвите и за да може и другите служби нормално да функционираат."
Раководителот на Одделението за управни работи Горан Анѓеловски вели дека дневно се извршуваат по 160 фотографирања и се обработуваат барања.
,,Во изминатите два дена имаме поднесено илјада барања,по 500 дневно закажани термини до 6 декември."
Граѓаните кои во редиците чекаат за поднесување барање и фотографирање се жалат.
,,Гужва. Нема ред. Вчера имаше голема гужва."
,,Слабо иде. Саат и половина чекам."
,,Јас чекам од 9 и 30 часот, прашајте ги шефовите."
Оние граѓани кои најдоцна до 27 февруари идната година нема да се пријават за биометриска лична карта ќе подлежат на законски санкции. А новите лични карти може да бидат добиени и по оваа дата.
Бројот е 072 335 230, а линијата ќе биде отворена од 8 и 30 до 16 часот секој работен ден за аплицирање за нова лична карта. СВР Куманово како една од поголемите во државата ќе издаде 80 илјади лични карти, што е голем број и мислам дека успешно ќе го извршиме тоа
,,СВР Куманово воведе нова телефонска линија за аплицирање за нови лични карти. Бројот е 072 335 230, а линијата ќе биде отворена од 8 и 30 до 16 часот секој работен ден за аплицирање за нова лична карта. СВР Куманово како една од поголемите во државата ќе издаде 80 илјади лични карти, што е голем број и мислам дека успешно ќе го извршиме тоа. Затоа освен на два шалтера воведовме и базни станици и една подвижна базна станица за да се избегнат гужвите и за да може и другите служби нормално да функционираат."
Раководителот на Одделението за управни работи Горан Анѓеловски вели дека дневно се извршуваат по 160 фотографирања и се обработуваат барања.
,,Во изминатите два дена имаме поднесено илјада барања,по 500 дневно закажани термини до 6 декември."
Граѓаните кои во редиците чекаат за поднесување барање и фотографирање се жалат.
Саат и половина чекам