Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ изјави дека има разбирање за ставот на Грција во поглед на прашањето за името. Според експертите, грчката дипломатија силно работи за зголемување на поддршката кај нашите соседи.
Отворениот спор за името во процесот на евроинтеграциите ја става Македонија во почувствителна положба и во поглед на односите со соседите, коментираат експертите откако српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ изјави дека има разбирање за ставот на Грција во поглед на прашањето за името. Средбата меѓу претседателите на двете земји Иванов и Тадиќ ги нагласила досегашните ставови, на поддршка за уставното име, разлики по прашањето на признавањето на Косово. Се на се ниту многу поблиску ниту сме многу подалеку од традиционалните односи со соседите. Она што во конкретниот контекст според експертите може да се забележи е дека дипломатијата на нашите соседи не мирува.
„Во секој случај грчкото влијание и влијанието на грчката дипломатија е зголемено и нивната работа за зголемување на поддршката меѓу нашите соседи сигурно е зајакнато,“
вели аналитичарот Алберт Муслиу. Србија веројатно ќе продолжи да ја покажува својата блискост со Грција прогнозира Муслиу а се со цел во неа да добие свој лобист за евроинтеграциските амбиции. Отворените прашања остануваат отворени и бидејќи се однесуваат на македонскиот идентитет јазик име црква, треба да се решаваат по принципот на приоритети, вели аналитичарот Никола Сталевски.
„Стратешки, долгорочно да се разговара за решавање на тие прашања клучни за нас. Нас не ни се потребни добрососедски односи, туку дефинирани односи.“
Во училишната реторика македонскиот однос со соседите и работењето на неговото подобрување би се нарекол кампањски. Македонија додека се занимава со еден предмет другите ги запоставува и за тоа време ги остава да тлеат, вели Муслиу. Во последниот период тоа е особено видливо според него во односите кон Косово и кон Србија.
„Значи, немавме ефект да ги подобриме односите со двете држави во исто време, туку со една држава на сметка на другата.“
Македонија секогаш според него имала преференцијални соседи и тоа во раните деведесетти години беа Србија и Грција а денеска состојбата е сосема различна, додава Муслиу. Според него единствено прашање што го оптоварува нашиот развој е спорот со Грција. Останатите проблеми во меѓусоседската комуникација можеби не би можеле да се наречат нормални европски но сигурно нормални балкански кои сигурно бараат поактивна улога на македонската дипломатија.
Во секој случај грчкото влијание и влијанието на грчката дипломатија е зголемено и нивната работа за зголемување на поддршката меѓу нашите соседи сигурно е зајакнато
„Во секој случај грчкото влијание и влијанието на грчката дипломатија е зголемено и нивната работа за зголемување на поддршката меѓу нашите соседи сигурно е зајакнато,“
вели аналитичарот Алберт Муслиу. Србија веројатно ќе продолжи да ја покажува својата блискост со Грција прогнозира Муслиу а се со цел во неа да добие свој лобист за евроинтеграциските амбиции. Отворените прашања остануваат отворени и бидејќи се однесуваат на македонскиот идентитет јазик име црква, треба да се решаваат по принципот на приоритети, вели аналитичарот Никола Сталевски.
„Стратешки, долгорочно да се разговара за решавање на тие прашања клучни за нас. Нас не ни се потребни добрососедски односи, туку дефинирани односи.“
Стратешки, долгорочно да се разговара за решавање на тие прашања клучни за нас. Нас не ни се потребни добрососедски односи, туку дефинирани односи