Кој е првиот Претседател на ЕУ?

Белгискиот Премиер Херман ван Рoмпуј

Овие две личности Рoмпуј, Ештон, како францускиот дипломат Пјер д Буазје кој е наименуван за Генерален секретар на Европскиот совет се трите клучни функции во ЕУ според Лисабонскиот договор за реформи на Унијата. Првиот Европски Претседател, по самитот во Брисел на кој беше извршен неговиот избор, изјави дека е приврзаник на натамошно проширување на Унијата, а дека новите земји ќе можат да станат членки на Европската Унија под услов да ги исполнат неопходните критериуми. Тоа е прашањето кое си ги интересира земјите кандидати, а целата европска јавност пак ја интересира кои се луѓето што ке ја водат ЕУ во следните две ипол години. Ван Ромпуј е премиер на Белгија шест месеци. Иако успешно ја водеше земјата држејки ги заедно фламанците и валонците, тој нема познато име во Европа.
Британката Катерина Ештон која треба да биде Висок преставник за надворешни работи е политичар благородник, која никогаш не била избрана на јавна функција. Таа мина една година во Брисел, наследувајки го познатиот Комесар за трговија на Европската Унија Петер Манделсон. Двајцата на медиумите и беа презентирани по самитот во Брисел.
Рoмпуј и Ештон

"Ова е новиот лидерски тим на Европа, кој ние го претставуваме на оваа историска прес-конференција по години на преговори и договори“.

Изјави шведскиот премиер Фредрик Реинфелт. Конечниот договор падна кога британската влада се откажа од кандидатурата на поранешниот премиер Тони Блаир на кого се гледаше како на политичар од премногу висок профил. Како и да е, брзата и едногласна одлука за овие врвни позиции во ЕУ создадени со Лисабонскиот договор е изненадување, по наводните поделби во рамките на Унијата. Имаше стравувања дека тоа ке му наштети на кредибилитетот на Рoмпуј и Ештон.

Кои се очекувањата од Рoмпуј и Ештон

Ван Ромпуј е од фламанскиот дел на Белгија. За него велат дека е избран затоа што е успешен миротворец и преговарач во белгиската политика, која во последниве години е парализирана поради заткулисните пресметки меѓу Фламанците, кои зборуваат холандски, и француското мнозинство Валонците. Токму затоа се очекува тој да дејствува како Претседавач на состаноците на лидерите на Европската Унија наместо да биде политичар со големи лични амбиции.

"Што се однесува до мене, секоја земја треба да се чувствува како победничката од преговорите. Преговори кои завршуваат со пораз на некоја страна никогаш не се добри преговори."

Неговата листа на приоритети ,исто така, велат, не е спорна. Тоа се ефектите од финансиската криза и неговите социјални и економски последици, климатските промени, енергетската стабилност и безбедноста на граѓаните на Европската Унија. Кетрин Ештон, пак треба да биде задолжена за надворешната политика, и преклопувањето на описите на работното место со Претседателот Ван Рoмпуј, според познавачите во Брисел, даваат можност за тивка војна меѓу двете клучни европски фигури во иднина.