Најстариот и еден од најценетите театри во Македонија, Битолскиот театар, не само поради недостатокот на финансии, туку и поради како што обвинуваат дел од актерите, лошото менаџирање и не квалитетни престави, го допира дното и ја губи публиката.
Никој не очекуваше најстариот театар во Македонија, Битолскиот, да го допре дното. По шест и пол децении квалитетен театарски живот и изведени илјадници престави за кои се барала карта повеќе, куќата денес не може да наполни една сала со публика. За првпат во историјата од постоењето на најреномираниот театар во државата се случи актерски бунт, се прекинаа претстави, проби, вработените побараа директорска смена. Ваквата состојба го наметнува клучното прашање, кој придонесе театарот од врвот да падне на дното? Ексминистерот за култура, Благој Стефановски, кој 22 години директоруваше со установата, вината ја лоцира во локалната власт и нејзините авантуристички прокети за тетарот.
,,Јас предупредив пред три-четири години кога сакаше опера да се прави, кога сите експерименти се правеа."
Според бардот на Битолскиот театар, Борис Чоревски, театарската репутација ја уништило недомаќинското управување со финансиите. Директорите наместо да се занимаваат со иднината, се обидувале од историјата да ги избришат имињата на основачите на театарот.
,,Проблемот е што секој кога ќе дојди мисли дека се од него почнува. Не е така. Ситуацијата е ужасна, театарот е во очајна состојба. Се должи на незнаењето на раководење, незнаењето на менаџирање. Ова е тотално фијаско на Битолскиот народен театар. И немањето на пари, парите се предвреме потрошени. Нема греење. Глумците утре ќе седат во ладно и ќе пробат во ладно. Нешто не е во ред со театарот, а ужасно е тоа што никој ништо не презема."
вели Чоревски.
Според режисерот Мартин Кочовски, проблемот е што се форсираат театарски работници блиски до власта и нерешениот статус на младите актери.
,,Режираат режисери што се блиски до власта. Повеќе мене не ми е ни интересно, ни имам волја да работам, ни управата е расположена финансиски и почитувачки. Второ, кај актерите умира некако таа желба, тој жар што го имаа. Тоа е и за статусот, атмосферата, лоши режисери, лоши текстови."
објаснува Кочовски.
Директорот на театарот, Сашо Огненовски, кој исто така е долгогодишен актер, оправдувањето го наоѓа во рецесијата која ги натерала да го стегнат ременот.
,,Преломен период, да го наречам е, зашто доаѓа нова актерска енергија. Кога ќе се решат сите тие проблеми околу статусот, ќе се добие поинаков призвук. Долгови има. Бројките не се толку важни колку намерата сето тоа да се санира. Театарот знаел и во полоши времиња да исплива и најважна е актерската енергија."
вели Огненовски.
Прашање е колку време ќе биде потребно театарот да излезе од наталожените проблеми и дали ќе успее да го поврати реномето?
Проблемот е што секој кога ќе дојди мисли дека се од него почнува. Не е така. Ситуацијата е ужасна, театарот е во очајна состојба. Се должи на незнаењето на раководење, незнаењето на менаџирање. Ова е тотално фијаско на Битолскиот народен театар
,,Јас предупредив пред три-четири години кога сакаше опера да се прави, кога сите експерименти се правеа."
Според бардот на Битолскиот театар, Борис Чоревски, театарската репутација ја уништило недомаќинското управување со финансиите. Директорите наместо да се занимаваат со иднината, се обидувале од историјата да ги избришат имињата на основачите на театарот.
,,Проблемот е што секој кога ќе дојди мисли дека се од него почнува. Не е така. Ситуацијата е ужасна, театарот е во очајна состојба. Се должи на незнаењето на раководење, незнаењето на менаџирање. Ова е тотално фијаско на Битолскиот народен театар. И немањето на пари, парите се предвреме потрошени. Нема греење. Глумците утре ќе седат во ладно и ќе пробат во ладно. Нешто не е во ред со театарот, а ужасно е тоа што никој ништо не презема."
вели Чоревски.
Второ, кај актерите умира некако таа желба, тој жар што го имаа. Тоа е и за статусот, атмосферата, лоши режисери, лоши текстови